Кафе муабет

Погледнете како Драгана Мирковиќ ужива во Америка: Се пофали дека престојува во хотел на Доналд Трамп- ОВОЈ ДЕТАЉ ЈА ИЗНЕНАДИ, не ни помислуваше дека ќе добие вакво нешто

Ужива во луксуз...

Фолк- дивата Драгана Мирковиќ веќе извесно време е во Америка, а сега се пофали дека престојува во Чикаго во хотел во сопственост на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

фото инстаграм/Драгана Мирковиќ

Драгана на својот Инстаграм профил објави слики од хотелот, а судејќи по нив може да се види дека хотелот има прекрасен поглед. Покрај целиот луксуз, слатките, пејачката ја воодушеви и еден детаљ – шејкер со нејзиното име.

фото инстаграм/Драгана Мирковиќ

Инаку, Драгана ги сруши сите рекорди на посетеност на концерт во Америка. Како што објавија медиумите на оваа забава присуствуваа повеќе од 3000 луѓе.

фото инстаграм/Драгана Мирковиќ
фото инстаграм/Драгана Мирковиќ
фото инстаграм/Драгана Мирковиќ
фото инстаграм/Драгана Мирковиќ

Да потсетиме, фолкерката и нејзиниот сопруг Тони беа пречекани во Америка од нивниот пријател Жан Клод Ван Дам.

фото инстаграм/Драгана Мирковиќ

Фолк дивата и нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ речиси две недели се во Америка каде пејачката имаше концертна турнеја, а прва дестинација им беше Холивуд каде ги пречека нивниот долгогодишен пријател Жан Клод Ван Дам.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Филмската ѕвезда, во манир на добар водич, се потруди да ги пречека Драгана и Тони и им ги покажа знаменитостите, меѓу кои и легендарниот Кинески театар и Булеварот на славните.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Драгана и Тони уживаа во посета на фабриката за соништа, а друштво им правеше познатата танчерка и актерка со украинско потекло Марина Мазепа.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

И самата Драгана ја сподели фотографијата на социјалните мрежи и потврди дека тие се големи пријатели со познатиот холивудски актер.

Пред извесно време Драгана за прв пат откри дека решила да ја одбие понудата на холивудскиот актер Жан-Клод Ван Дам кој и понудил да глуми во неговиот филм.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Сакав да прекинам се за време на короната бидејќи сум одговорна личност. Не е лесно да се поседува телевизија и да се биде ѕвезда, бидејќи сè што се случува оди преку мојот грб. Ако некој е лут, лут е на мене, нешто се случува, и јас сум виновна. Затоа треба да бидам педесет пати повнимателна од кој било сопственик на ТВ. Поради короната решив да не правам емисии затоа што сакав да избегнам опасност, но и да ги спасам моите работници пред се. Сега конечно почнавме повторно да се дружиме.

фото инстаграм/Драгана Мирковиќ

– Имав можност да снимам дует со големи светски ѕвезди и да се појавувам во филмови. Жан-Клод ван Дам веќе ми понуди сериозни работи, но не сакам да ги злоупотребувам тие познанства. Тој ми понуди да се појавам во неговиот филм, како и да снимам дует на француски, но јас реков дефинитивно не! Не му треба него тоа, сакаше да го направи тоа за мене.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Ван Дам е неверојатен човек, многу го сакаше моето семејство и ние сме одлични пријатели, а нè претстави и на сопственикот на Fashion TV. Луѓето од светскиот џет-сет се многу поприземни од нашите. И Ван Дам знае повеќе отколку што треба за мојата пејачка кариера – изјави Драгана во една прилика во емисијата „Прв ред“.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close