Кафе муабет
Погледнете како денес изгледа ѕвездата од серијата која го освои Балканот: Го играше ликот на грдата Нина а нема да верувате како изгледа денес
Таа е вистинска убавица...
Македонската јавност хрватската актерка Лана Гојак Бајт ја запозна по улогата во филмот “Ne daj se Nina” која се емитуваше на RTL.
Нина“ глумеше девојка која е сосема поинаква од светот во кој работи.
Имено таа речиси и не припаѓа во светот на високата мода и во него не се вклопува. Иако сите ја паметат како секретарка со протези и наочари, Лана денес е вистинска убавица која мами воздишки каде и да се појави.
Лана постигна голема слава во регионот благодарение на главната улога на хрватската верзија на американскиот ситком „Грдата Бети“ во која ја играше интелигентната девојка Нина Брлек.
Сепак, 38-годишната Лана е речиси непрепознатлива во приватниот живот.
Актерката и нејзиниот сопруг и телевизиски режисер Синиша Бајт станаа горди родители на девојчето Пина на почетокот на август минатата година.
Лана е активна на социјалната мрежа Инстаграм каде редовно објавува фотографии од дружбите со своето девојче, а во продолжение погледнете како изгледа денес актерката и новопечена мама.