Кафе муабет
Погледнете каков фраер е момчето на најстарата од сестрите Родиќ: Наташа е вистинска убавица, а тој неодолив…
Ја обновија врската...
Сестрите Родиќ на јавноста и станаа познати кога, Богдана Родиќ сега Ражнатовиќ ја започна љубовната врска со Вељко Ражнатовиќ и стана снаа на фолк дивата Цеца.
Имено за љубовниот живот на сестрите Родиќ се зборува со години а особено е интересна најстарата сестра Наташа Родиќ, која е единствената која досега не се омажила.
Бидејќи и Богдана и Бојана се омажија со синови на познати пејачки, јавноста шпекулираше дека можеби и Наташа ќе оди по стапките на своите сестри и ќе освои некој од синовите на пејачките.
Долго време се пишуваше дека е во врска со Јован, синот на пејачката Злата Петровиќ но двајцата ги демантираа тие гласини посочувајќи дека се само добри пријатели.
Она што се знае за Наташа е дека таа до неодамна беше сингл, а сега одлучи да ја обнови врската со поранешниот со кој три години беше во турбулентна врска, но нивната врска заврши летово.
Наташа сега на своите следбеници на Инстаграм им покажа дека е повторно среќна во љубовта, а објави и фотографија на која се бакнува со ново старото момче.
Наташа доби многу коментари и желби за што поскоро да стапне на лудиот камен.
Она што е заедничко за сите три сестри Родиќ е дека тие се вистински убавици а тоа може да го забележите од следните фотографии: