Новости
Погледнете каква убавица е сопругата на Жељко – ретко ја гледаме во јавноста, имаат три деца
Пејачот се уште ја сака како и првиот ден
Познатиот пејач Жељко Самарџиќ неодамна ги изненади своите фанови кога во една емисија ја покажа својата сопруга.
Имено, популарниот пејач многу ретко покажува детали од неговиот приватен живот, но овој пат се вклучи во емисијата во живо заедно со неговата поубава половина Маја со која е 38 години во брак.
Тој и неговата сопруга имаат три ќерки, а неодамна во интервју за српскиот „Хело“ откри интересни детали од семејниот живот.
Секако дека не ни цутеле само ружи и дека животот и кон нас бил суров, но по сите работи, куќа полна со деца и љубов е благослов на кој никој не може да остане рамнодушен, изјави Самарџиќ.
„Сé што е околу нас е резултат на љубов, разбирање и почитување, почнувајќи од првиот ден, кога како млади, вљубени до уши, еден на друг гласно кажавме ДА, вели Жељко за животот со Маја.
Таа е природна убавица која и денес плени со својот шарм, а како што вели Жељко, таа е столбот на неговото семејство.
„По некој убав збор, насмевка, бакнеж на секоја жена ќе и значи многу, посебно во моментите кога не и цветаат рози. И секако, без љубов ништо од тоа не вреди. Од неа се започнува и таа е тој магичен прав што создава магија. Можеби уште по некоја песна и ете ви рецепт за среќен брак. Важно ми е да гледам насмевка на лицето на мојата жена“, изјави своевремено Жељко за „Курир.рс“.
„Заслугата за воспитувањето и одгледувањето на децата пред се и припаѓа на неа. Таа е столбот во нашето семејство“ заклучи тој.
Инаку познатиот пејач во една друга пригода, даде една мошне интересна и пред се џентлменска изјава за жените за која се уште се зборува во медиумите.
Имено, тој тогаш изјави дека мажите мораат интимата која што ја делат со своите партнерки да ја чуваат само за себе и дека ниту еден вистински маж за тоа НИКОГАШ не зборува во јавност.
„Тоа обично го прават оние кои не се сигурни во себе. а гадно е кога жените ќе го пофалат оној што бил пред тебе. Тоа е ужас. Кога мислите дека сте најдобар на свет, а таа во муабет ќе ја промени темата“.
„Мислам дека токму во овие моменти на секој маж му е нејтешко на светот“, изјави пејачот и додаде дека некои тајни сепак ќе ги зачува само за себе.
Во продолжение погледнете како изгледа и неговата ќерка…