Кафе муабет

Повеќе дружење со кучето отколку со пријателите- нераскинлива врска меѓу милениците и сопственикот

Се поголем е бројот на луѓе кои поминуваат повеќе време со милениците отколку со пријателите

Една стара народна вели: Кучето е најдобриот пријател на човекот.

foto instagram

Kомпанијата Wisdom Health Genetics, која е специјализирана за генетика на миленичиња, го потврдува tтокму тоа.Имено во едно големо истражување кое го спроведе оваа компанија откри дека повеќето од луѓето кои имаат кучиња одбираат слободното време да го поминуваат со нив отколку со други луѓе. Во ова истражување биле вклучени 13.000 испитаници а дури 72% од сопствениците на кучиња и 32% од сопствениците на мачки претпочитаат да поминуваат време со домашно милениче отколку со пријателите.

Во истражувањето се наведува дека сопствениците на миленичиња чувствуваат нераскинлива врска со своите миленици.

foto instagram

Ако нешто позитивно излезе од оваа ситуација што го смени целиот свет, тогаш тоа е фактот дека поминувајќи повеќе време дома и во природа, поминуваме повеќе време со нашите миленици.

foto instagram

Истражувањето исто така покажа дека 64 проценти од „родителите кои имаат милениче“ го сметаат своето куче или мачка за свое дете, а 17 проценти од домашните миленици имаат профил на социјалните мрежи.

Многу истражувања и научни студии покажаа дека чување миленик има позитивен ефект врз менталното здравје на луѓето. И во ова истражување дури 99 проценти од сопствениците на кучиња  и 96 проценти од сопствениците на мачки одговориле дека миленичето имало позитивен ефект врз нив.

Последните истражувања спроведени во време на пандемијата на Ковид-19, покажале дека домашните миленици и нивната близина на луѓето им дава  утеха, а воедно и ги смирува. Бројните студии во минатото исто така покажале дека кучињата помогаат за лекување на депресија.Науката дури докажа дека за подобар сон, подобро e да се спие покрај куче отколку до човек.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close