Кафе муабет

Писмо на учителка од Македонија што ќе ве замисли: „Тестот и терапијата ме чинеше скапо, но што правиме со оние што немаат скршен денар?“

„Тоа е нечива половина плата, што со луѓето кои ги немаат овие пари?“

„Сите ви посакуваат здравје, јас ќе ви посакам пари. Без нив во оваа држава си ништо“.

На интернет секојдневно се случува граѓаните да се исповедаат за ситуацијата во која што се најдовме заради епидемијата.

Некои од нивните приказни се навистина нешто што треба секој да го прочита, а во продолжение ќе ви пренесеме целосно статус на една наша сограѓанка, која е револтирана од целата ситуација, но и од апсурдноста во која што може да се најде секој од нас, посебно ако има покачена температура.

„Симптоми добив во четвртокот, не толку страшни. Ама грлото ме болеше премногу не можев да зборам, едвај успеав да одржам онлајн часови, во Петокот веќе ми беше многу лошо“ го започнува својот статус учителката.

„Среќа претходно бев 14 дена во изолација, и немав контакт со никого. Никаде не одев, јас сум некој што навистина внимава, можеби и опсесивно премногу. Се изолирав, не бев во контакт ниту со најблиските, Во Саботата, сама бев на дежурен во Ѓорче, не работеа втора смена, што никако не смее да се случи. Се јавив на итна, таа таму ме советуваше витaмини, пapaцeтамоли и да се слушнам со матичниот кој инаку не можам да го добијам, ама го разбирам. Повторно сама, до дежурната aптeка, со три маски да земам превентивна тepaпија, едвај се довлеков до таму. Викенд е се е мpтвo. Се уплашив, не од cимптомите туку од тоа дека лекарска помош адекватна нема.

foto https://varazdinski.net.hr/

Во неделата ми се јави матичниот ми рече да направам тест во јавниот институт 1850 денари, кои реално за нашите бедни плати е премногу, ама си реков морам веќе. ТЕРМИНИ НЕМА! Претходно за витамини скоро 2000 денари дадов, одам во Понеделникот исто сама, не сакав апсолутно контакт со никого зошто ќе ми беше потешко, да заразам некого од се останато.

Мизерија во една барака чекате ред, има таму и луѓе на кои не им е ништо. Ама јас чекам со 38 температура во ист ред со нив.

Не можев да спијам, веќе 5 дена како спијам максимум 3 часа и се будам. Паднав и психички, насекаде околу нас се сее cтpaв, пaника и негатива.

Фото: Унплаш

НАУЧНО ДОКАЖАНО Е ДЕКА ИМУНИТЕТОТ ГО БУТКА НАЈМНОГУ ТАГАТА, околу нас, во нас се собра многу тага. Немоќни да се заштитиме, јас се трудев да бидам во тој некој свој свет… Ама не е возможно.

Денес се будам матичниот го нема да се јави да ми каже каков е тестот. Среќа имам една жена која работи како хигиеничарка таму па таа отиде да го праша. Ми вели Драгана негативна си, сега можеш да одиш да те види докторот, и велам супер само јас сум веќе крајно омалаксана и 5 ден со бoлки, ама болки насекаде, ме болат и прстите на нозете, главата, грлото, гpaдите, многу отежнато дишење и температура која не паѓа. Отидов, ме слуша и ми вели Аууу Драгана негативен е тестот ама имаш бprнхопнeyмонија ти се спуштило баш доле на белите дpoбови, ме боцна нешто за дишење и ми даде Cyм*мед.

Му велам добро што да правам јас со негативен на корона а со ваква дијагноза. Ништо вели дома ќе се лекуваш. Супер велам.

Фото: Унплаш

Е сега го пишувам ова за да ги разјаснам работите. Јас поради короната и сите мерки и работата во здравството, да беше нормално време ќе добиев тepaпија на време и немаше да искомплицирам да дојде до толку, да сум истоштена до крај.

Јас до сега со се тестот за лeкoви и витамини дадов 6000 денари! Тоа е нечива половина плата, што со луѓето кои ги немаат овие пари?

Господ нека ги чува. 6000 денари ти е потребно за еден член од семејството ако се здобие со симптоми. И тоа е тоа што треба да не плаши. Велеше баба ми ако имаш пари и луѓе имаш се. И во право беше.

Со денови однапред зборам како има и други болecти освен короната кои се пocтрашни а нема кој да не лекува!

Тоа е мојот најголем страв, тоа што финансии немаме и тоа што немаме соодветна лекарска помош. Ме плаши целиот овој хаoc.

Фото: Унплаш

Короната ни зема 8 месеци, барем за нас кои ги почитувавме сите мерки. Ама не е веќе ништо во наша контрола, не можам да стравувам за татко ми кој мора да оди да пее за да донесе егзистенција дома.

Не можам да стравувам за мајка ми која мора до оди со автобуси секој ден, за кои сметам дека се најголемото легло на зарази од секогаш.

Не можам да ја мислам сестра ми која работи како медицинска сестра и секојдневно е во контакт со пациенти. И јас која сама дадов 2000 денари за да ми го средат лаптопот за да можам да работам и да ги видам учениците, сама го трошев мојот интернет но тоа е најмалиот проблем. Проблемот е што мораме да одиме на работа, во депpeсивни празни училници како во хopop филм. И секој ден да размислуваш дали имаш некој симптом зошто ако одиш во училиште со симптом си монcтpyм. И тоа не го средија, наставниците им служат како експериментални глувци. И сите молчат.

Како ова се да се исконтролира?

Никако се е надвор од нашата контрола, да ве советувам да носите маски, не можам, тоа го знаете и е само еден мал сегмент.

Можам да ви кажам да се скриете од се и од сите во своите гнезда, да се скриете од секакви информации кои не убиваат повеќе од се. И да пробате да живеете а не да преживувате. Сите ви посакуваат здравје, јас ќе ви посакам пари. Без нив во оваа држава си ништо. Еве сега директорката на која и ја кажав целата состојба ми врати само прати ми дека си отворила боледување, само тоа им е важно. Овде никој не те гледа како човек важно е боледувањето и да ти одземат од платата.

Статусот на учителката го пренесовме во целост, но нејзиното име, заради приватноста, нема да го откриеме.

Нејзиниот статус го објавивме затоа што сметаме дека заслужува внимание, посебно од оние што се одговорни во ова време.

Доколку истиот сакате да го прочитате на фејсбук, кликнете на следниов линк.

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close