Кафе муабет
Пејачката 10 години се бори со неплодност: Сања Малетиќ оди на вонтелесно оплодување- се моли на БОГ да и ја исполни најголемата желба!
Фолкерката се надева на потомство...
Пејачката Сања Малетиќ (49) и нејзиниот сопруг се борат за своето потомство повеќе од 10 години, а дека таа е подготвена на се за да се исполни во улога на мајка, покажа и тоа што ги пакува куферите и патува за Прага во една од водечките клиники за ин витро оплодување.
Изминативе две години беше спречена да се подложи на вакво оплодување поради пандемијата на коронарна вирус, а штом клиниките ги отворија вратите за пациентите, Сања веднаш ги направи сите потребни тестови и почна хормонска терапија.
„Борбата на Сања за потомство е тешка и трае со години остава болни душевни рани, но не се откажува од мајчинството.
Пред две години закажала ин витро оплодување во најпознатата клиника во Чешка, но била спречена поради пандемијата“, вели извор близок на пејачката и наведува дека ситуацијата и недостатокот на настапи ги искористила на вистински начин, се посветила на себе, медитирала, се хранела со здрава исхрана и се посветила на здрав начин на живот.
“Наместо да очајува, Сања реши да го зајакне своето тело и да влезе во нов процес со оптимално здравје. Нејзината упорност се исплатеше бидејќи нејзината клиничка слика значително се подобри и планира да започне нова борба за неколку недели”, рекол изворот.
„Сите знаат колку пари треба да се одвојат кога се започнува ваква борба. Еден процес на вештачко оплодување чини околу 3.000 евра, а можете само да замислите колку чини во клиниките во странство.
После сите години борба Сања добро се информираше и ја одбра Чешка затоа што тие се пионери кога станува збор за овој тип на оплодување и клиника која е позната по високиот степен на успех кога се во прашање парови постари од 40 години“, вели изворот и додаде:
„На многумина би им се завртело во глава од цифрата што морала да ја одвои, но Сања отсекогаш паметно штедела пари.
Пред пандемијата работеше пет дена во неделата и чуваше се што заработи за да има пари да ја исполни својата најголема желба. “”Според друг извор, со неа цело време е нејзиниот сопруг, како и целото семејство и пријателите кои се молат овој пат нејзината борба да не биде залудна.
Пејачката накратко ја потврди оваа информација но не беше расположена да каже нешто повеќе за тоа.
Да потсетиме, Сања пред неколку години призна дека болеста на штитната жлезда и го променила животот, и дека и пречела во борбата за мајчинството.
“Тоа е сериозна болест. Кога ќе заболите од автоимуната болест, дури тогаш станува интересно. Борбата е секојдневна и нема пауза. Се менувам како и сите ние. Накачив неколку килограми, но не не ми пречи“, рече таа.