Нега и здравје

Пејачката ослабна десет килограми: Сека Алексиќ непрепознатлива- ова е диетата со која ја доведе линијата до совршенство

Сека Алексиќ ја прекина ригорозната диета...

Сека Алексиќ, како што и самата признава, често се бори со вишокот килограми.

фото инстаграм/ Сека Алексиќ

Во една прилика пејачката се пошегува дека ќе ум-ре дебела и гладна, но и покрај се досега не била поддржувач на ригорозни диети.

фото инстаграм/ Сека Алексиќ

„Здрава исхрана, тоа не е диета, јадам пет оброци на ден. Вељко јаде се што ќе остане, но само здраво.
Најголем проблем ми е што сум готвачка, домаќинка која готви и меси, а потоа едноставно во еден момент претерав. Но, тоа често ми се случува“, изјави во една прилика Алексиќ, која поради новиот албум се реши на строга диета.

фото инстаграм/Сека Алексиќ

„Горда сум на себе што издржав да не јадам слатки и тесто, еден месец – луѓе, мислам дека ми е доста. Време е да се вратиме на: појадок – тестенини со четири видови сирење, ручек – пица и вечера – афион и ужина како што е познато – крем од банана“, им порача Сека на своите следбеници на Твитер, а потоа го покажа и специјалитетот што го направи.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

„Еве малку да ве насмеам. Роденденот го прославив на 26 април. Апсолутно не пробав ништо од храната. Пиев  вода и лимонада и пет кафиња, но кога излезе албумот на Youtube, погледнете со што наздравив, па нека оди животот. Ова ми го донесе пријател од Сплит, суџук со тартуфи и сирење“, се пофали Сека, која успеа да ослабе дури 10 килограми.

Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Имено пејачката неодамна призна дека е незадоволна од својот изглед, па пред еден месец започнала ригорозна диета. Фолк ѕвездата имаше 59 килограми, а целта и беше до лето да ослабне седум килограми, што може да се каже дека ја оствари.

Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ

– Цел ден не јадам речиси ништо! Решив до лето да се претворам во лижавче. Сакам мојата глава да биде поголема од моето тело – вели фолк ѕвездата и додава дека и се гади од вишокот килограми:

-Цел живот си велам додека се сликам: „Вовлечи си го стомакот и не диши“. Не дај Боже да видите како изгледам кога не го правам тоа!

Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Сека во една прилика рече дека е сигурна дека гладувањето ќе и ги реши сите проблеми.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

– Не знам дали се работи за автофагија, за која сите зборуваат во последно време, бидејќи сама ја измислив диетата. Не јадам ништо преку ден, туку само навечер, но многу малку. Секој кој се разбира во исхраната знае дека ништо не треба да се внесува во телото најмалку 14 часа на ден. За мене тоа е подолго. Јас гладувам, а потоа само вечерам. Не ми е лесно, ваљда ќе се навикнам!

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Алексиќ откри што има на нејзиното мени кога е на строга диета.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

– Посакувам да можев да јадам се! Сепак се воздржувам, па јадам само овесни снегулки и банани, а потоа месо или печурки со ориз. Многу брзо повторно ќе бидам гладна, но ќе издржам до утре вечер – истакна Сека и додаде дека има голема поддршка од сопругот Вељко Пиљикиќ:
– Да не беше Вељко, немаше да имам толкава волја за промена. Ме охрабрува да одам напред и да не се откажувам.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Пејачката призна дека не и е лесно во моментите кога е на диета, но среќна е што физички се чувствува многу подобро:

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

– Тоа е тешко! Но се што е добро не е лесно… Се разбира, ми се пријадува токму кога не ми дозволуваат да јадам, но успевам да се воздржам. Важно е да се чувствувам подобро и да имам повеќе енергија. Забележав дека функционирам многу полесно во текот на денот.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

И кога е на диета, Алексиќ редовно ја подготвува омилената храна за синовите Јован и Јаков и нејзиниот сопруг Вељко.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

– Мојот најголем проблем е што сакам да готвам. Јас сум вистинска домаќинка, знам да го приготвам секое јадење. И сакам да месам! Но, ако сум на диета, тие не мора да бидат! – ја завршува приказната Сека.

фото инстаграм/ Сека Алексиќ
фото инстаграм/Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close