Кафе муабет

Петар Грашo за прв пат прозборе за името на бебето и бракот со Хана: Со неа сакам да останам до крајот на животот

Со нетрпение ја чекаат приновата...

Веќе подолг период главна тема во медиумите е врската на популарниот пејач Петар Грашо и Хана Хулиќ, ќерката на неговиот најдобар пријател Тончи Хулиќ.

фото инстаграм/Петар Грашо

Имено пред два месеци Грашо и Хана се венчаа а го очекуваат и своето прво дете.

Сега за прв пат Грашо призна со какви стравови се справува поради улогата на татко во која треба да се оствари на средина на јули.

фото инстаграм/Петар Грашо

На прес-конференцијата организирана по повод промоцијата на концертот во белградската арена, која ќе се одржи на 11 ноември, Петар Грашо призна се што му се вртело во глава последните месеци.

фото инстаграм/Петар Грашо

Имено, тој најмногу зборуваше за настапот, плановите за продукција, гостите, а на крајот не можеше а да не го открие моментално најинтересното за јавноста, а тоа е неговиот брак со Хана Хуљиќ и исчекувањето на раѓањето на неговиот прво дете. Едно од прашањата упатени до Петар беше како се подготвува за новите обврски и родителство, на што тој со насмевка одговори дека во неговото срце има возбуда, но и малку страв.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

-Не би требало да имам страв од тоа, туку слатко очекување, бидејќи доаѓа нешто што е ново, мало суштество, твој печат до крајот на животот најубавиот на душа.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

-Се уште не знаеме име за бебето, навистина не сме избрале, рече Грашо.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Претходно во интервју за Репортер.мк Грашо истакна дека малку му пречело честото медиумско присуство но дека воглавно се пишувале убави работи за нив.

ФОТО: Петар Грашо / Инстаграм

-Важно е дека бракот е работа која ја правиш со човекот кој ти значи, и со личност со која сакаш да останеш до крајот на животот.Јас сум среќен што имамтаква личност до себе, среќен сум што за многу животни точки делиме исто мислење, добро се чувствуваме заедно и сакаме да го живееме нашиот живот скриен од очите на јавноста колку што е тоа можно.

ФОТО: Петар Грашо / Инстаграм

Кога станува збор за свадбата тој откри дека сакале да стигнат пешки до црквата но тоа било невозможно поради многуте луѓе кои ги чекаа…

ФОТО: Петар Грашо / Инстаграм

-Наша идеја беше да дојдеме преку малите сплитски улички до таа црква каде нас не чекаа пријатели и подоцна да одиме да прославиме но се случи сосема спротивното, дојдовме со три големи црни комбиња, пред мене и хана имаше обезбедување, имаше многу новинари и луѓе кои чекаа со телефони во рацете, и едноставно моравме некако да се заштитиме себеси.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

За приновата откри дека со нетрпение чека да се оствари во улога на татко и вели дека многу од неговите пријатели го советувале дека тоа е улога која го менува човекот на подобро.

Фото инстаграм/Петар Грашо

-Во мене е едно исчекување, среќен страв бидејќи сепак добиваш нешто за цел живот, во секој случај опкружен сум со луѓе кои со нетрпение чекаат да се случи сето тоа, и опкружен сум со луѓе кои ме сакаат и кои јас ги сакам.

Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close