Кафе муабет

Петар Грашо конечно проговори за раскинувањето со Данијела Мартиновиќ: Откри се- еве во каков однос се сега!

Раскинаа по 24 години врска...

Иако никогаш не сакал јавно да зборува за приватниот живот, сепак неодамна Петар Грашо  реши да стави крај на сите озборувања и за прв пат откри во какви односи е со Данијела Мартиновиќ со која беше во врска повеќе од две децении.

фото инстаграм/Петар Грашо

Додека Данијела Мартиновиќ веќе неколку пати се огласи за раскинувањето на 24-годишната врска со Петар Грашо, сплитскиот пејач реши се да молчи. До сега Петар Грашо не зборуваше ништо за раскинувањето, но сега во интервју за српски Стори само накратко ја коментираше нивната љубов на која и ставија крај минатата година.

фото инстаграм/Петар Грашо

– Ги разбирам луѓето зошто им е интересно да прочитаат нешто повеќе за мене, бидејќи немам навика да вадам детали од спалната соба или од кафулето каде пијам ракија. Свесен сум и дека се заинтересирани за мојот брак со Хана Хуљиќ и нејзината бременост, изјави Грашо во интервју за српски Стори, додавајќи дека не би знаел како да ги коментира бројните написи што ги прочитал за себе и за Данијела Мартиновиќ.

фото инстаграм/Петар Грашо

– Меѓу нас се е чисто и јасно, останавме во добри односи. Не би знаел што да коментирам или да кажам за сите оние текстови кои се појавија во медиумите за нас во претходниот период. Ме интересираат коментарите на стручни луѓе. На пример, кога ќе ми кажат дека сум зафркнал некаде, се трудам да го поправам, не обрнувам внимание на коментарите на оние кои добиваат мислење за мене врз основа на статии што ретко ги читам. Иако и тогаш немам проблем со хејтерите.

фото инстаграм/Петар Грашо

Неодамна и Данијела Мартиновиќ реши отворено да проговори за својот љубовен живот, па откри како се носи со сето она што и се случувало во животот во последните месеци.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Пејачката неодамна раскина со пејачот Петар Грашо со кој е во врска повеќе од две децении.
Таа во интервју за хрватскиот магазин Глорија за прв пат конкретно и искрено одговори во какви односи е со Грашо.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Луѓето обично очекуваат драматична приказна бидејќи непишано правило е дека врските завршуваат драматично. Но, кога имаш личност која ја почитуваш и цениш, тогаш раскинувањето е уште понеразбирливо. Но, вистината е дека секој се развива со свое темпо. Се случува некои работи, кои ни беа важни, со текот на времето да станат речиси ирелевантни, што нè збунува, и да почнат да не окупираат и да не прават среќни некои други работи за кои не ни помислувавме дека можат да станат епицентар на нашите животи.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Кога тоа се случува во врска, најискрено и најдобро е секој да продолжи да се развива во свој ритам и правец. Доколку одлуката се донесе во вистинско време, остануваат меѓусебното почитување и благодарност – рече таа, а потоа додаде:

фото инстаграм/ Данијела Мартиновиќ

– Мислам дека најлошата и најопасна работа е да останеш во врска поради страв или обврска. Тогаш врската завршува со горчлив вкус во устата. Неопходно е да го слушате вашиот внатрешен глас бидејќи тогаш нема лошо сценарио. Во длабочините има мир кој е секогаш присутен без разлика што се случува на површината, а таа длабочина е заедничка за сите и таа многу подобро од нас знае што е најдобро за секого. Кога ќе погледнам преку моето рамо во своето минато со оваа временска дистанца, јасно можам да забележам дека сите најтешки ситуации отворија неверојатно убави насоки, за кои не сум сонувала ниту во моето лудило, ниту во сон – истакна пејачката.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close