Кафе муабет
Песната ја погоди: Снежана Ѓуришиќ се расплака и порача – ова би го разбрала секоја мајка!
Ова е нешто за мојата душа и го испеав низ солзи - рекла Снежана...
Во соработка со Александар Софронијевиќ, Снежана Ѓуришиќ ја отпеа песната “Odavno si otišao, sine”, која првично ја испеа сестрата на легендарната пејачка Силвана Арменулиќ.
Пејачката ја доживеа оваа соработка и стихови на посебен начин:
– Ова е песна што ја испеав од срце и секоја мајка ќе се најде во неа. “Odavno si otišao, sine”, па мајка ти копнее по твојот карактер. Ова е нешто за мојата душа и го испеав низ солзи – рекла Снежана.
За потсетување Снежана пред извесно време повторно се најде во центарот на вниманието поради проблемите со синот.
На професионален план со години реди успеси, сакана, почитувана од страна на колегите и публиката, но во приватниот живото се уште не и цветаат рози.
Најголеми главоболки во последните години и зададе нејзиниот син Марко Гвозденовиќ кој на јавноста е познат како проблематичен кој до неодамна беше и во затвор.
Наводно сега и здравјето на Снежана Ѓуришиќ се влоши по приказните за она што го направил Марко, а пејачката се сомнева дека нејзина колешка ја саботира за да и ја уништи кариерата!
Уште откако во медиумите се појави наводната информација дека Марко Гвозденовиќ, синот на Снежана Ѓуришиќ, ограби два ресторани во кои работел, а исто така ја ограбил и својата родена тетка која од Америка дошла кај нив во посета.
Марко кој работел во ресторанот како доставувач за два часа успеал да ограби 20.000 динари.
-Снежана е многу лошо, многу се потресе, но не и паѓа на памет да се правда пред никого и да дава изјави. Таа само рече дека е неверојатно да се пишува за Марко повторно и повторно и да се повторува старата приказна – објаснува извор за Скандал и додаде:
– Дури и се сомнева дека нејзина колешка и прави саботажа. И бидејќи Снежана нема ниту една грешка и публиката ја обожува, таа губитничка дојде до идеја да го оцрни Марко, кој целиот живот страда поради неколку грешки од младоста што може да му се случат секому – заклучи блзок извор на пејачката за Скандал.
Пејачката само еднаш зборуваше за проблемите кои и ги зададе нејзиниот син.
– Мојот син сака да пие, и направи сообракајка. Тоа беа страшни денови, поготово за семејството на девојката која за- гина.
Ја продадов куќата за да ги платам потребните трошоци. Мојот син се уште не се врати на својот живот, изјавила Снежана во 2016 година.