Кафе муабет
Организираше забава од 120.000 евра, и подари џип вреден 360.000 евра: Еве кој бизнисмен е татко на детето на Сораја
Таа стана мајка...
Старлетата Сораја Вучелиќ вчера го роди своето прво дете, синот на кој му го даде името Кан, а јавноста не престанува да погодува кој е татко на нејзиното дете.
Социјалните мрежи на големо шпекулираат за тоа кој е таткото на детето, за кој Сораја не зборувала, а многумина се прашуваат дали тој е бизнисменот за кој старлетата се омажила и го додала презимето Масони.
Медиумите пренесуваат дека Сораја со години е во врска со бизнисмен кој се крие од јавноста и кој води клуб во странство во кој настапуваат пејачи од Србија и регионот.
Минатата година тој на Сораја и организираше роденденска забава во Истанбул која го чинеше дури 120.000 евра.
Неколку месеци пред забавата, Сораја од него добила на подарок блиндиран џип, вреден 360.000 евра, пренесува „Мондо“.
Инаку Сораја Вучелиќ се породи вчера во болница во Швајцарија и роди момче!
Породувањето на Сораја помина без проблеми, а наследникот доби највисоки оценки од лекарите.
Новопечената мајка се чувствува одлично, а само мал број на блиски луѓе знаат дека пристигнало нејзиното прво дете.
– Сораја е пресреќна! Таа стана мајка и сега целиот нејзин свет е подреден на новата улога на родител. Таа е маѓепсана од своето бебе. Не го пушта синот. Се заљубила во него од првиот момент кога го видела – вели извор близок на Вучелиќ.
Сораја се породила во болница во Швајцарија, но нејзиното семејство ќе живее во Русија, пишува Курир.
– Во Цирих ја водеше бременоста со избраниот лекар, но наскоро ќе одлетаат за Москва, каде што ќе живеат. Доаѓа рускиот пасош на бебето и таму ќе биде нивниот дом. Ги затвори социјалните мрежи и врти нов животен лист – заклучува изворот.
По породувањето се огласи и старлетата и откри како се чувствува.
– Ви благодарам многу за вашите искрени желби, се чувствувам убаво, бебето е супер, и јас сум супер, се помина добро. Не би коментирала повеќе, се надевам дека ме разбирате, сакам што повеќе да уживам во овој момент, но ќе има можност да се дружиме и да разговараме за се – изјави Сораја.