Кафе муабет
ОД НЕА Е ПОМЛАД 17 ГОДИНИ: Нема да верувате кој е сопругот на Хајди Клум- девојките лудуваа по него но тој има очи само за неа!
Двојката се венчаше во февруари два месеци по веридбата...
Хајди Клум која важи за еден од најпознатите модели на сите времиња по два пропаднати брака,се чини дека сега конечно ја пронајде вистинската љубов.
Таа истакна дека разликата од една деценија со нејзиниот сегашен сопруг Том Кулиц поранешен член на германската група Tokio Hotel не и значи ништо и дека не размислува за тоа освен кога прашањата на новинарите не ја потсетат на тоа.
Двојката се венчаше во февруари два месеци по веридбата.
Манекенката тајно се омажи за нејзиното момче Том Кулиц кое е 17 години помладо.
– Не размислувам за возраста и стареењето. Другите често ме потсетуваат на мојата возраст, бидејќи јас не се чувствувам така. Моето момче е многу помладо од мене и затоа сите мислат дека нашата врска нема да опстане. Тогаш размислувам за возраста и разликата во годините, а потоа можам да ги видам возраста и брчките на лицето – изјави Хајди за странско списание.
“Мојот дечко е многу години помлад од мене, но јас не се грижам. Мислам дека само треба да се живее среќен живот и да не се грижиш за она што луѓето го мислат, бидејќи тоа создава непотребна грижа. Том ме прави среќна жена. Со него е различно отколку што беше во претходните бракови , мислам навистина сериозно “, изјави таа откако Том ја побара за жена.
За Хајди Клум ова е трет брак. Таа прво беше во брак со Пипин Рика, а потоа со музичарот Сил со кого има три деца – 14-годишниот Хенри, 12-годишниот Јохан и деветгодишната ќерка Лу.