Кафе муабет
Овој пат е официјално: Барбара и Дарко се верија- го покажа прстенот кој вреди цело богатство!
Пејачката објави фотографија со која откри дека се верила со Дарко...
Дарко Лазиќ и Барбара Бобак уживаат во љубовта, и повеќе не кријат колку се среќни.
Парот од самиот старт не крие ништо од јавноста а сите новости ги споделуваат на социјалната мрежа Инстаграм, каде речиси секојдневно објавуваат и заеднички снимки и фотографии.
Пејачот постојано истакнуваше дека Барбара е вистинската девојка за него и дека ќе се ожени со неа, а пред неколку недели јавноста остана збунета кога станува збор за нивниот статус.
Имено, тие беа заедно на турнеја низ Америка, а Бобак објави фотографија на која го покажа новиот часовник а во описот на фотографијата напиша: „Реков да“, што предизвика лавина реакции, се до синоќа кога реши да ја открие вистината.
Потоа следеше кратко видео од рака со прстен што сјае на воланот на автомобил БМВ.
– Не сакав да се пофалам додека не ги средив ноктите. Му кажав Да и на новиот автомобил и на Дарко – признала таа, а се чини дека луѓето сепак не и верувале бидејќи следеле неколку приказни во кои таа се пошегува на оваа тема…
– Дарко, луѓето не ми веруваат дека се веривме. Мислат дека се шегуваме – рекла пејачката.
– Да, вистина е, гледате како сјае – се пофали Барбара.
Закажаа датум за свадба!
Дарко пред неколку дена истакна дека Барбара ги почитува празниците.
– Цел живот барав жена која ќе ги почитува моите необични обичаи и конечно ја најдов.
– Личноста што е во врска со мене мора да се навикне на традицијата што ја практикувам за нашиот најсреќен празник. На Барбара не и пречи и ме поддржува во се. Од сите празници најмногу го сакам и почитувам Божиќ и тоа никогаш нема да се промени – вели Лазиќ за Република.
Фолкерот уште од мал ги почитувал сите традиционални обичаи.
– Како дете практикував да одам во шума за Бадник. Носам малку вино за да се најде по пат. За Бадник со другарите правам ракија и печам риба, а во исто време ги вртиме свињите што ќе ги јадеме на Божиќ – изјави Лазиќ кој овој Божиќ го прослави во друштво на Барбара.
Двајцата во мај ќе ја официјализираат врската и ќе направат голема свадба.
– Ако се биде како што треба, на крајот на мај ќе се оженам за Барбара, се е веќе закажано! Го избравме тој термин бидејќи ќе биде убаво време и ќе може да се слави на отворено. Веселбата ќе бидат во текот на неделата, бидејќи ние пејачите работиме за викенди – вели Дарко и додава дека нивната свадба ќе трае два дена:
– Првиот ден ќе славиме во ресторанот, а следниот ден во шаторот пред кој ќе го испечеме волот. Еднаш се жени Дарко Лазиќ. Извинете, двапати – истакна фолкерот.
Според извор близок до парот, тие двајцата навистина го кажале судбоносното „да“ во Лас Вегас, а веднаш по написите пејачката се огласила за Пинк и открила што е вистината.
Имено, како што вели таа, свадбата не се случила, а нагласува дека таа и Дарко, доколку има свадба, ќе приредат незаборавна забава за која ќе зборуваат сите.
– Кога ќе се венчаме, сето тоа нема да биде тајно и цела Србија ќе зборува за тоа, верувајте! Не знам кој ја измислува оваа глупост, Елвис… – низ насмевка коментирала Барбара и со тоа ставила крај на сите шпекулации.
– Па убаво му реков на Дарко, двапати не успеа, свршувачка, брак, деца, но се тргна наопаку, затоа се заврши како што заврши. Сакам чекор по чекор. Прво нека биде огромна свадбената веселба, лудило, па потоа на ред ќе дојдат децата. Засега живееме заедно и навистина е убаво – изјави неодамна Барбара.