Кафе муабет
Ова се случува ПРОТИВ МОЈА ВОЛЈА: Ника Тошиќ се огласи по разводот на Јелена и Душко- сите ја поддржуваат поради ова
Ника ги засмејува фановите...
Помладата ќерка на Јелена Карлеуша исто како и пејачката е многу отворена и директна.
Познато е дека помладата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ е многу директна девојка, одлична ученичка, добра пријателка, а пред се вистинска комичарка, што дополнително излезе на површина со нејзината одлука да отвори профили на социјалните мрежи , првенствено na „Инстаграм“ и „Тик-Ток“.
Ника обожава да ги засмее своите следбеници, а нејзините шеги станаа заразни па многу од врсниците со задоволство ги споделуваат на своите профили.
Една од прикачените содржини на Ника неодамна заврши на Твитер, а малкумина останаа рамнодушни на тоа колку е харизматична и инспиративна помладата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ.
Имено, Ника сподели содржина на Тик Ток во која, според мислењето на многумина, со шеговит тон ги критикува родителите поради нејзината генетика.
– Да, јас сум драма кралица, но тоа не е мој избор, тоа е генетика – рекла наследничката на брачна двојка за која најпрвин беше објавено дека се разведува, а потоа дека се под ист покрив и дека се е во најдобар ред.
Со овој мал скеч, помалата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ги насмеа сите кои имаа можност да го погледнат, а прашањето што остана во воздухот е чии гени се всушност пресудни оние од пејачката или од поранешниот фудбалер.
pa dobro je rekla pic.twitter.com/FL1BHrxNOe
— alex (@elektrosokovi) October 16, 2022
Карлеуша и Душко се уште живеат под ист покрив
Поп дивата Јелена Карлеуша неодамна се појави на модна ревија, па таа прилика ја искористи да проговори за врската со Душко Тошиќ.
Јелена и Душко се во центарот на вниманието на јавноста од почетокот на 2022 година, особено откако пејачката го пријавила сопругот за насилство на 7 јануари, Божиќ.
После тоа нивната врска се најде под лупата на фановите, а во изминатите месеци ја информираа јавноста дека поднеле барање за развод.
Пејачката иако во неколку наврати ја менуваше приказната, дефинитивно ги изненади сите кога на споменатиот настан откри дека се уште живее под ист покрив со Тошиќ.
Исто така, додала дека не е разведена!
– Не го спомнав разводот. Морам да кажам дека не сум разведена и дека живеам под ист покрив со Душко. Вечерва венчаницата беше дел од мојата улога, ако сакате уште една вистинска венчаница и брак, тогаш прво ќе морав да се разведам. Ако ја кажам вистината, можеби адвокатот на Душко повторно ќе ги повика медиумите да се изјасни, не можам повеќе да се занимавам со адвокати и проблеми – низ смеа истакна Јелена, па повторно ги збуни сите.
На прашањето дали таа и поранешниот фудбалер поднеле документи за развод, пејачката одговори – не.
– Не сме. Нека пишуваат што сакаат и кој што сака, исто како порано. Мене тоа ме погодува исто како кога комарец ќе касне слон. Никому ништо нема да објаснувам – изјави таа за новиот број на магазинот „Стори“.
Што точно се случува меѓу сопружниците не е познато, останува да дознаеме со текот на времето.
Да потсетиме, Јелена посочи и дека е при крај со новиот албум „Алфа“, кој нејзините обожаватели го чекаат цела деценија, па секојдневно поминува по неколку часа во музичкото студио.