Бебе

ОВА СЕ НАЈМАЛИТЕ ПРЕДВРЕМЕНО РОДЕНИ БЕБИЊА: Погледнете ги малите борци кои ја освоија битката!

Бебиња родени во 24-та недела од бременоста

Оној кој не видел предвреме родено бебе, не може ниту да претпостави колку малечко може да биде едно суштество.

 

 

Според последните анализи направени во 2012 годиниа приближно 15 милиони бебиња се раѓаат предвреме.

Голем фактор игра државата во која се родени односно во богатите или сиромашните земји,  па поради тоа има голема разлика во процентот на деца кои преживуваат и покрај фактот што се родени предвреме.

 

 

Инаку едно просечното бебе родено помеѓу 22-та и 24-тата недела од бременоста, кое се смета за најрана возраст со можност за преживување за предвремено родени бебиња, тежи нешто повеќе од половина килограм.

Најмалото преживеано бебе кое било предвреме родено било со 250 грама.

 

17 ноември Меѓународен ден на предвреме родените бебиња

 

Вчера беше светскиот ден на свесност за предвремено породување. За предвремено родени бебиња се сметаат оние кои се родени пред 37-та недела од бременоста.

 

 

Иако стапката на смртност на предвременородените бебиња речиси секаде во светот опаѓа, сепак според последните анализи се смета дека бебињата родени значително пред терминот, веројатно ќе се соочат со сериозни и бројни долгорочни проблеми.

 

 

До сега САД е на врвот кога станува збор за достигнувањата во неонаталната интензивна нега што овозможи да преживеат и најмалите и најранливите бебиња.

 

 

Според истражувањето на  Јournal of Medical Ethics објавено во 2007 година, бебињата родени помеѓу 24-та и 25-та недела од бременоста имаат од 26 до 44% шанси да преживеат .

Во продолжение во чест на вчерашниот ден, да посветиме внимание на предвремено родените бебиња кои се прославија во светот како победници во оваа битка.

 

ФОТО: cbsnews.com

 

Румаиса Рахман

 

ФОТО: cbsnews.com

 

Родени на 19 септември 2004 година, Румаиса Рахман и нејзината сестра близначка Хиба се родени во 25-та недела од бременоста, приближно 15 недели пред терминот.

 

ФОТО: cbsnews.com

 

Румаиса тежела само 244 грама и била мала колку мобилен телефон, додека нејзината сестра близначка се родила со 566 грама и должина од 30 сантиметри.

 

epa03069785 Melinda Star Guido, the third smallest baby born in the world, is discharged from LAC+USC Medical Center in Los Angeles, CA, USA, on 20 January 2012. Melinda Star Guido was born on 30 August 2011, weighing only 9.5 ounces. EPA/Christina House / POOL

Мелинда Стар Гвидо

Таа е родена на 30.08.2011 година а со тоа стана  второто најмало предвреме родено бебе во САД и третото најмало бебе во светот.

 

ФОТО: cbsnews.com

 

Мелинда успеа да преживее доволно долго за да ја напушти болницата. Таа е родена во 24-та недела од бременоста затоа што нејзината мајка имала висок крвен притисок за време на бременоста. При раѓањето тежела само 270 грама.

 

ФОТО: cbsnews.com

 

Том Тумб

Тој е можеби најмалото предвреме родено момче во светот. Се родил со 275 грама во 2009 година. Том е роден во 25-та недела од бременоста.

 

ФОТО: dailymail.co.uk/

 

Важно е да се напомене дека сите овие бебиња успеаа да преживеат и при тоа да немаат посериозни здравствени проблеми а исто така не покажаа големи доцнења во развојот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close