UncategorizedКафе муабет

ОВА НИКОЈ НЕ ГО ЗНАЕШЕ: Неда Украден по разводот била во врска со Саша Поповиќ?- ја оставил па започнал врска со друга пејачка

Биле во емотивна врска...

Фолк-пејачката Неда Украден важи за една од најголемите ѕвезди од поранешна Југославија. Таа е една од оние жени на кои ни времето не може да им стори ништо, па затоа трае и денес, а податокот дека продала повеќе од 2 милиони плочи во 60-тите, зборува многу за неа.

За љубовниот живот на пејачката, на чија убавина не и можат ништо ниту годините, постојано се пишуваше во југословенскиот печат, и не се споменуваше само името на нејзиниот поранешен сопруг, Милан Билбија.


Неда никогаш не го разоткри својот љубовен живот во јавноста, а во осумдесеттите години на минатиот век, се шушкаше дека Неда е во врска со Саша Поповиќ, кој во тоа време гостуваше низ цела Југославија како член на бендот „Слатки грев“, кој ја следеше и настапуваше заедно со Лепа Брена.


И како што објавија српските медиуми, Украден и директорот на „Гранд продукција“ биле во врска по нејзиниот развод, а после тоа Поповиќ започнал врска со Злата Петровиќ, пред да скокне во тавче со Сузана Јовановиќ.

Ниту Саша ниту Неда не ги потврдија овие гласини.

Инаку Неда има една ќерка со која е многу поврзана, и иако ретко може да ја видиме во јавноста сепак таа е многу приврзана со нејзината мајка, и се уште живее со неа.

Единствената ќерка на фолк пејачката Неда Украден, Јелена Билбија Миновиќ, е успешен маркетинг директорка и сопственичка на еден познат салон за убавина во Белград. Таа не сака јавно да се експонира во медиумите и затоа многу ретко можеме да ја видиме во јавност.

Јелена секое свое слободно време го користи да биде со семејството. Таа со својот сопруг има три деца – близначките Александра и Неда, и синот Душан.

„Мојата мајка има енергија како никој, кога е на сцената има сила на змеј, а дома е нежна баба со внуците“, откри Јелена пред неколку за Блиц зборувајќи за заедничкиот живот со децата, сопругот и нејзината позната мајка. Тие живеат заедно, но како што вели ќерката на Неда, станот е толку голем, што понекогаш мораат да се довикуваат со телефони.

Апелираше државата да им помогне на музичарите!

Неда беше особено во центарот на вниманието на почетокот на пандемијата со ковид 19 и откако се донесоа мерките за забрана за свадби, настапи, концерти.


Имено таа беше меѓу првите апелираше државата да им се помогне на музичарите заради ситуацијата со короната, во утринската програма на една телевизија откри каква е ситуацијата во нејзината бранша.

„Јас зборував во името на браншата, ова е време кое ја брише уметноста. Тешко е да им објасните на луѓето кои немаат никаква емпатија и солидарност. Луѓето трпат, тие се на работ на егзистенцијата и во тоа не треба да се сомневате. Еден музичар кој има семејство и кој работеше и живееше само од тоа, верувајте ми дека е во голема криза и ова стана алармантно. Сите се надеваме дека наскоро ќе дојде подобро време“, изјави на почетокот на пандемијата пејачката.

Во продолжение погледни неколку фотографии од нејзиниот профил на социјалните мрежи од кои можеме да видиме дека е во топ форма.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close