Кафе муабет

ОВА НИКОЈ НЕ ГО ЗНАЕШЕ: Еве која песна на Здравко Чолиќ е посветена на вистинска жена- станува збор за позната српска пејачка!

Само оваа негова песна е за вистинска жена...

Здравко Чолиќ, важи за еден од најпопуларните поп-пејачи во регионот, на сите времиња.  Тој се уште со својот шарм привлекува и старо и младо, а до сега испеа многу песни во кои се споменуваат жени во неговата богата кариера, па ако се суди по тоа, може да се каже дека имал прилично повеќе жени во својот живот.

„Ајде, ајде Јасмина“, „Ја викав Емили“, „Една зима со Кристина“, се само неколку од нив.

Се шпекулираше дека тој ги посветил сите тие песни на одредени жени, а потоа во една прилика открил дека само една негова песна е напишана за вистинска жена.

„Ниту една песна не зборува за вистинска жена, освен Кристина“, откри Здравко за „Glossy“, па објасни за која Кристина станува збор.

„Корнелија Ковач и ја посвети таа песна на својата ќерка“, рече Чолиќ.

Здравко веќе 18 години е во складен брак со сопругата Александра, меѓутоа претходно, по него лудуваа многу познати дами, меѓу кои е и една актерка.

Пејачот за својата некогашна љубов – актерката Јасна Орнела Бери, ретко зборува во јавноста. Тие своевремено во Сараево како млади се вљубиле, а деталите за нивниот однос своевремено ги раскажа Јасна.

– Не можам да дали сме се забавувале или сме биле во врска. Тоа е посебен однос кој и натаму трае. Тоа и натаму е љубов која не може да се помилува и држи за рака. Здравко ќе остане секогаш сечиј и ничиј, истакна Јасна.

Таа глумеше во босанските филмови „На пат“, „Грбавица“, „Нафака“, како и во филмот кој го режираше Анџелина Џоли за војната во Босна „Во земјата на крвта и медот“.

Инаку пејачот често пати знае јавно да изјави дека неговата сопруга Александра од секогаш му била најголема поддршка. Сепак таа е секогаш жената од сенка и јавноста за неа многу малку знае. Од друга страна Здравко Чолиќ за неа говори многу малку, а се што ќе каже има длабоко значење.

Во едно интервју пејачот откри дека Александра имала блиска средба со негова обожавателка, што најверојано и тоа е една од причините поради кој одбрала да не се експонира во јавноста.

– Многу поминав и доживеав во животот. Еднаш мојата сопруга беше нападната од моја обпжавателка и ја расекла по улица. Сандра едвај се извлекла, среќа без поголеми последици. Тоа беше одамна, но и ден – денеска се сеќавам на тоа. Мoјата сопруга други големи непријатности немала, бидејќи не се експонира не е таков тип, а и сметам дека жената и децата треба да бидат далеку од очите на јавноста, рекол Чола воено интервју.

Тој исто така истакна дека најголемо олеснување во целава оваа ситуација е што Александра не е љубоморна жена.

– Мојата сопруга реагираше така како што треба. Таа ја разбира мојата работа. Мислам дека тоа позитивно делува на неа. Сето ова го доживував и како добро и убаво, како нешто што претставува дел од мене.

Сопругата на Здравко е постојано покрај него и го поддржува во се, и покрај се таа е заслужна што неговите ќерки се прекрасно вопситани.

– Горд сум на своите ќерки, како и секој татко. Јас сум тука да ги поддржвам и да исполнувам нивните желби.

Чола и Александра се венчале на 1. мај 2001 година и од тогаш се во среќен брак во кој имаат две преслатки ќерки, Тара и Уна.

Уна е веќе полнолетна девојка, таа неодамна го прослави својот роденден во својот дом.

Здравко сакал светска кариера!

Популарниот српскиот пејач важи за еден од најдобрите на балканската естрада, и може да се пофали со децинии долга успешна мизичка кариера, но малкумина го знаат овој детаљ од неговото минато.

Имено, Здравко Чолиќ во далечната 1974 година имал голема желба да стане светска ѕвезда, па потпишал договор со музичката куќа Ворнер Брос и снимил неколку песни, односно мини – плоча за германското говорно подрачје.

Поради тоа, морало да се прилагоди и неговото име, па Здравко станал Дравко.
Меѓутоа, освен на германски, Здравко пеел и на англиски јазик, и тоа во 1987 година кога го издал диско синглот “Light Me – I’m Not a Robot Man”.

Сепак пејачот набрзо отккао стана голема ѕвезда во Југославија, заборави на светската кариера…

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close