Новости
„Ова не е корона, ова е coтoна“ – Целиот Балкан во кaнџитe на вирусот, еве како пациентите заразени со Ковид-19 зборуваат за него!
Бројките со новозаразени секојдневно се зголемуваат
Бројот на луѓе што бараат да бидат сместени во болницата во Сплит заради коронавирусот е се поголем.
Процентот на заболени во однос на тестирани исто така е се поголем, од некои пет до десет отсто на почетокот од вториот бран на епидемијата, во Сплитско-далматинската област сега оваа бројка стигна речиси до 30 проценти.
Епидемиолозите стравуваат повторно да не дојде до ненадеен скок, бидејќи капацитетите веќе се преполни.
Професорот др. Иво Ивиќ, од Клиниката за инфективна КБЦ во Сплит, вели дека за сега ситуацијата е под контрола
Не можеме да знаеме што не чека, но за сега ситуацијата е под контрола, вели тој.
Некои од пациентите отворено зборуваат за она што го доживеал за време на престојот во болницата.
„Се заразив на работа, прво имав мала температура па почна да се зголемува и еве сега сум тука, воспаление на градите и тешко дишам“.
„Боли додека дишете“, изјави една пациентка додека другата истакна дека нејзиното искуство било Бог да чува!
За Жаре Бербер ковидот е кошмар
Пред неколку и пејачот Жаре Богатинов попознат како Жаре Бербер ја раскажа својата голгота што ја помина со ковидот.
Тој цели седум дена не ги слушаше звуците од машините за кислород и не ги гледа зелените униформи на докторите од интензивната нега во болницата „8 септември“ каде што се лекуваше од корона.
„Ковидот е кошмар ако некој мисли дека е грип верува во голема лага“ изјави Жаре во разговор со Канал 5..
Со два негативни теста, можност сам да дише и сам да се движи Жаре Бербер раскажа за животот со Ковид 19. Се почнало со блага температура, но тоа е само лажна состојба до вистинскиот кошмар.
Седум дена со висока температура живот во најтесен тунел гладен за воздух, вака ја опиша борбата со корона вирусот.
Тој ја примил озонотерпијата, која го спасила и по два дена почнал да јаде и станува. Тој е крајно благодарен до тимот на доктори од болницата, посебно до Патриција Каламарас и нејзиниот тим и епидемиологот Драган Даниловски кој му го дал најдобриот совет „веднаш оди во болница“.
Клучни симптоми како да разликувате грип од корона
Како дојде есента коронавирусот почна да станува ноќен кошмар за сите, посебно за оние што се хипохондрични – зошто може да се добие зараза во било кој момент и не се знае како на него ќе реагира организмот зошто спектарот на можни реакции е неверојатно широк, велат докторите.
Главни симптоми на ковид-19 се температура, континуирано кашлање и губење на сетилото за мирис и вкус.
Меѓутоа, вашиот лекар ќе се посомнева на ковид-19 ако до резултатот од тестот развиете некои необични знаци на предупредување како осип на кожата.
Црвенило и чешање на прстите и ножните прсти може да бидат уште еден знак на предупредување, велат докторите.
Во неодамнешниот труд, истражувачите дополнително се обидоа да го истражат овој симптом, па така открија дека од 11.546 испитаници 17 отсто од оние кои се ковид позитивни имале осип како прв симптом. Од друга страна, уште еден начин сезонскиот грип да се разликува од ковид се и гастроинтестиналните проблеми како диареја, повраќање и болки во стомакот кои биле пријавени од страна на повеќе од половината заболени од Ковид-19 во Кина.