Новости
ОВА Е НАЈУБАВИОТ ОГЛАС КОЈ СТЕ ГО ВИДЕЛЕ: 11-годишно девојче шета кучиња за да заработи пари и да купи храна за кучињата скитници!
Љубовта кон животните беше пресудна...
11 годишната Хана, го освои целиот регион со својата необична работа.
Имено таа е голем љубител на животните па така желбата да им се помогне на напуштените кучиња на улиците во Прокупље, ја принудија да постави оглас за работа и да купи храна за скитници од парите што ги заработува на тој начин.
Во мноштвото разни реклами кои стојат на улиците на Прокупље, овие денови граѓаните ги привлече една многу невообичаена – напишана со детска рака и решена да шета кучиња за симболична сума пари.
– Дојдов на идеја размислувајќи пред две години како да заработам џепарлак, да им помагам на кучињата скитници и имав идеја да комбинирам корисно и убаво и да започнам да шетам кучиња само тогаш бев помала, не можев да ги шетам – вели Хана Ѓорѓевиќ од Прокупље.
Идејата на Хана ја поддржаа и членовите на нејзиното семејство, од кои ја наследи љубовта кон животните.
– Таа ја има нашата поддршка, бидејќи Хана тоа го прави од голема љубов кон животните. Особено што тоа е од хуманитарни причини, бидејќи таа сака се што може да заработи да го искористи за да купи храна за овие бездомни кучиња и мачки. Патем, има и миленичиња – две кучиња, две мачки и џуџе зајак – вели бабата на Хана.
Љубовта кон животните, но и желбата да им се помогне, се доволни за Хана да се осмели да шета непознати кучиња.
– Не се плашам од кучиња. Или би им дала гранули, или бисквита, или сопственикот ќе ми дадеше нешто да му дадам ако не сака да му дадам нешто мое, можеби се плаши да не го отрујам, иако такво нешто нема да се случи. Но, вака, ќе го скротиме секое куче, – вели Хана.
И навистина е така. Џебовите на Хана секогаш се полни со гранули кога оди на училиште или на прошетка со пријателите, бидејќи знае дека на улицата секогаш има кучиња скитници кои треба да се нахранат.