Дом и семејство
Ова е најтажната божиќна фотографија: Синот на Шумахер го расплака светот со оваа објава
На фотографијата го нема неговиот татко...
Синот на легендарниот Михаел Шумахер и возачот на Формула 1 сподели фотографија на Инстаграм на која седи покрај новогодишната елка со својата мајка Корина и сестрата Џина-Марија.
Бројни спортски ѕвезди за Божиќ објавуваат фотографии од своите домови, а Мик Шумахер со светот сподели фотографија која е прогласена за „најтажната фотографија од прославата на Божиќ“.
Многу обожаватели забележаа дека главата на семејството – неговиот татко Михаел Шумахер- не е на фотографијата.
Легендарниот возач на Формула 1 имаше трагична несреќа на скијање во француско одморалиште во декември 2013 година, по што речиси шест месеци беше во медицински индуцирана кома.
Од 2014 година, кога беше префрлен во семејниот дом поради рехабилитација, семејството Шумахер се повлече од јавноста за да ја заштити неговата приватност. И денеска не се знае во каква состојба е седумкратниот шампион во Формула 1.
Шумахер (52) беше принудена да го препродаде имотот за да може да го плати скапиот третман што му беше потребен на Мајкл за да остане жив. Таа претходно продаде вила во Швајцарија, како и луксузниот мерцедес на Михаел.
Минатата година беше објавен и документарен филм на Нетфликс во кој семејството зборуваше за брилијантната кариера на Михаел но тие не открија премногу за неговото здравје.
– Живееме заедно во нашиот дом, спроведуваме терапии, правиме се за Михаел да биде подобар и да ја почувствува солидарноста на нашето семејство. Ми недостига тој Мајкл секој ден и не само мене, им недостасува на децата, семејството и на сите околу него. Но, Михаел е таму, различен, но тој е таму и тоа на сите ни дава сила, изјави тогаш Корина.
Се знае само дека Михаел може да седи и да комуницира со очите. Неговиот поранешен менаџер Вили Вебер претходно ја обвини Корина дека го крие Мајкл од светот и не дава никакви информации за неговото здравје. Инсинуираше дека намерно крие нешто и не сака никој да ја знае вистината.
– Се обидов да стапам во контакт со Корина стотици пати. Таа не ми одговори. Му се јавив и на Жан Тод, кој ми рече да не одам во болница, да чекам бидејќи е рано. Кога се јавив следниот ден, никој не ми одговори. Не очекував вакво однесување и се уште сум лут поради тоа. Ме тргнаа на страна велејќи дека е рано, а сега е доцна. Поминаа девет години. Време е тие да ја кажат вистината, изјави Вебер.