Кафе муабет
Ова е клучот за среќен брак- разговарајте за овие работи ако сакате да успеете!
Спасете го бракот со комуникација
Комуникацијата во бракот е една од клучните алатки за градење здрави и трајни односи меѓу партнерите.
Доколку сакате цврст брак кој е изграден со доверба, љубов и разбирање, мора да комуницирате со партнерот за секој проблем, за да не дојде до недоразбирање во иднина.
Сакате да ја дознаете тајната на успешниот брак? Ова се неколку работи за кои треба да разговарате со вашиот партнер.
Разговарајте за вашата заедничка иднина, дадете си пред себе цели кои треба да ги постигнете во бракот.
Ваши потреби и барања (што е тоа што го очекувате во бракот).
Ова е од особено значење бидејќи ниту еден од партнерите не може да се однесува во бракот како да живее сам, односно да заборави на потребите на другиот.
Финансиските прашања можеби се и најголемата причина за караници. Затоа разговарајте, советувајте се еден со друг, и обидете се да најдете решение.
Пред партнерот мора да го кажувате своето мислење. Најчесто жените се оние кои своето мислење го држат во резерва, но сепак бидете отворени пред својот сопруг, и кажете што вие мислите без тој тоа да го прифати со потсмев.
Разговарајте за интимноста. Партнерите кои се подолго време во брак мора да комуницираат на оваа тема. Кажете што ви се допаѓа? Што не сакате? Кои се вашите желби за интимниот, брачниот живот, итн.).
5 фенг шуи совети за среќен брачен живот
Ставете лимит на фотографиите
Во спалната соба треба да ставите лимит на фотографии на кои не сте вие и вашиот партнер. Колку што е можно повеќе, чувајте го вашиот приватен простор само за вас. На овој начин ќе го исклучите умот од нештата кои се надвор од вашата врска; запомнете, спалната соба треба да ја одразува само врската меѓу брачните другари.
Исчистете ја спалната соба
Ова подразбира да се ослободите од се што не е потребно. Спалната треба да биде ослободена од предмети/нешта кои укажуваат на темна, страшна и осамена средина, како постери кои прикажуваат било каков вид насилство. Во спалната соба треба да се чувствувате опуштено. Проветрувајте ја и држете светлина во спалната соба бидејќи тоа ќе поттикне струење на позитивна енергија, и така се блокира негативната.
Во спалната соба сè треба да е во пар
На пример, ако имате масичка на едната страна од креветот, ставете уште една таква на другата страна. Ова ја дава идејата дека две лица живеат во хармонија и заедно на едно место и сигурно ќе привлече среќа во бракот.
Не ставајте телевизор и огледало во спалната соба
Огледало кое ‘гледа’ накај креветот ќе ве одразува вам и вашиот партнер – најдобро е да се отстрани или да се покрие ваквото огледало, бидејќи тоа може да сигнализира или да доведе до проблеми со трети лица во вашиот брак . Исто така, избегнете телевизор, па дури и радио во спалната. Овие работи може да ви го одвлекуваат вниманието, вашето и на партнерот, па така и двајцата може да изгубите фокус на она што е важно, а тоа е одржување среќна и интимна врска, полна со љубов, меѓу вас двајца.
Трудете се во спалната да доминираат боите на љубовта
Розова и црвена ја засилуваат среќата во љубовта и бракот (сепак, бидете претпазливи на црвената боја и имајте ја само во мала количина – црвената е и боја на лутина, а вие не би сакале негативна енергија во вашиот дом и во вашиот брак), па затоа е најдобро да го украсувате домот со овие бои.