Кафе муабет
Оваа црнка му го освои срцето на Дарко Лазиќ – без неа неможе да го замисли животот!
Се појави видео што „ја потврдува врската“...
Пред извесно време во јавноста излезе веста дека Марина Гагиќ и Дарко Лазиќ се разделија, а сега пејачот има и нова љубов.
Се шушкаше дека по разделбата со Марина Дарко започна љубовна врска со пејачката Барбара Бобак и иако ги демантираше ваквите написи во медиумите, се појави видео што „ја потврдува врската“.
Барбара сподели дел од атмосферата од нејзиниот роденден кој го славеше во Швајцарија, а на Инстаграм сподели видео на кое се гледа како се забавува со пејачот и со тоа ја потврди нивната врска.
Двајцата пееја цело време и не ги тргнаа насмевките од лицата, а јасно е колку се интимни, па нема сомнеж дека уживаат во љубовта.
Неодамна блиски пријатели на Дарко за српски Курир изјавија дека „тој дури и не може да го замисли животот без неа“.
“Дарко е лудо заљубен во Барбара и неколку пати на ден се слушаат и се гледаат преку видео повици. Тој веќе планира Барбара да дојде кај него во Германија за да живеат заедно и не е исклучена можноста тоа да се случи, со оглед на тоа што тој не планира да дојде наскоро во Србија “.
Барбара има 22 години и е од Футог, близу Нови Сад. Според близок извор на Лазиќ, таа и пејачот се познаваат подолго време, а повеќе пати пееле заедно во Белград и Србија на забави, но и во клубови ширум дијаспората. Од првата средба имаше искри меѓу нив, но Лазиќ, кој во тоа време уживаше во својата љубов со Марина, не проба ништо. Тој остана во контакт со Гагиќ а штом официјално ја раскина свршувачката со Марина, тој и предложи на Барбара да се видат, што таа веднаш прифати.
Тие во моментов уживаат во врската, но цело време се обидуваат да сокријат од поширокиот круг на луѓе дека се заедно. Сепак, неколку пати биле видени заедно во ресторани и на сплавот на кој Лазиќ често излегува, па неговите блиски пријатели се запознати со тоа дека ужива со неговата нова љубов.
Пред извесно време во медиумите се појави веста дека пејачка која сакаше да остане анонимна веќе неколку години се обидува да го заведе Лазиќ и дека сака по секоја цена да биде со него и да роди дете, па многумина веруваат дека Барбара е таа пејачка и дека успеала во својата намера. Инаку, Барбара Бобак се појави и во најголемото музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде се натпреваруваше за директен премин во четвртото коло. Таа беше кандидатка на Мили, но не наиде напозитивни коментари од жирито, кое не беше воодушевено од нејзиното пеење.