Кафе муабет
Оваа фотографија ја издаде: Новата девојка на Душко била во нивниот семеен дом!?
Се пишува дека се во врска...
Бракот на пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ е на стаклен нозе откако поп дивата на Божиќ го пријавила сопругот дека наводно ја удрил.
Медиумите постојано пишуваат за нивниот живот, а сега се појави приказна дека Душко наводно си нашол нова љубов, па го поврзале со ќерката на Соња Вуксановиќ и Жељко Шашиќ, Софија Шашиќ.
Душко не ги коментираше овие наводи, туку Софија, кога ја демантираше целата приказна за нивната тајна врска.
Сепак, нешто ја спречи Јелена да го продолжи пријателството со мајката на Софија, Соња Вуксановиќ, барем на социјалните мрежи.
Карлеуша ја отследи Соња од Инстаграм, додека Вуксановиќ дури и ја задржа заедничката слика со Јелена.
Нивната слика е направена на 42. роденден на Карлеуша, кој бил организиран во вилата на Јелена и Душко, а интересно е што на таа прослава била и Софија Шашиќ.
Соња и донесе слика на подарок, додека Софија во раката носеше мала црвена кутија.
Но, Душко не бил присутен на прославата, туку Софија била фотографирана во нивната вила пред цветен аранжман во форма на иницијали – ЈК.
За гласините дека Софија и Душко се во тајна врска прва се огласи мајката на Софија, Соња, која за Informer.rs истакна дека информацијата за врската на нејзината ќерка со фудбалерот била нечија невкусна шега.
Софија вели дека поднела тужба поради ове написи…
– Сите тужби се поднесени, така што нема потреба од дополнителен коментар. Ако сакате да напишете нешто за мене, мојата работа и брендот, јас сум секогаш тука – истакна накратко Софија.
Очигледно блогерката не сакала да ја потврди врската со фудбалерот, а што ќе се случува понатаму ќе покаже времето.
За потсетување, пред два дена се појави веста дека наводно Софија и 15 години постариот Душко одржуваат тајна врска веќе неколку месеци, па дури за тоа дознала и неговата сопруга.
– Софија уште од мала е навикната на удобен живот. Сака патувања, брендирана облека, оди на популарни места и иако е многу млада, живее на висока нога. Сите момци досега биле ситуирани и и обезбедиле животот каков што сака – рекол изворот за „Ало!“ на самиот почеток и открил како настанала емотивната врска меѓу Душко и Софија.
Мајката на Софија, Соња долги години е пријателка со сопругата на Душко. Тие двајца во неколку наврати се најдоа во исто друштво и потоа си се допаднаа. Секако, Софија знаела дека тој е оженет, па не сакала лесно да влегува во врска со него. Душко е 15 години постар, оженет, има две деца… – вели изворот.
– Сепак, тој и тврдеше дека бракот му е на стаклени нозе, ја опсипал со внимание и таа решила да му даде шанса. И двајцата многу патуваат, па контактите најчесто ги одржуваат во странство каде не мора да се кријат таму. Заедно се неколку месеци, нивните најблиски пријатели се запознаени со целата ситуација и им помагаат да се гледаат што почесто, без да предизвикаат сомнеж. Најчесто се во некој од неговите станови – објаснил соговорникот, и открил дека сопругата на Душко дознала за оваа афера.