Кафе муабет

Нajoпасната утринска навика за жените – заради неа се дебелееме и хормоните ни лудуваат!

Заради природниот биолошки ритам, нивото на кортизол во организмот е највисоко наутро кога ќе се разбудиме и најниско навечер кога ќе заспиеме...

Многумина не можат да го започнат денот без основниот ритуал, прво утринско кафе.

Опојниот мирис на најпопуларниот пијалок во светот и кофеинот што го содржи се најдобриот начин да се започне денот. Или можеби не?

Дали сте и вие од оние кои станувајќи од кревет веднаш одат кон кујната приготвувајќи кафе, а со првата голтка всушност почнуваат да се будат. Овој пијалок со право е еден од најпопуларните во светот, но треба да знаеме кога точно се препорачува да се пие првото утринско кафе.

Пиењето кафе рано наутро лошо влијае на жените

Студија објавена во дигиталното издание на библиотеката на Американскиот медицински национален институт покажа дека кафето на празен стомак, особено кај жените, лошо влијае на здравјето.

Заради природниот биолошки ритам, нивото на кортизол во организмот е највисоко наутро кога ќе се разбудиме и најниско навечер кога ќе заспиеме.

– Пиењето кафе рано наутро, кога нивото на кортизол е највисоко, ги нарушува хормоните во телото и го нарушува деноноќниот ритам. Кортизолот лошо влијае на овулацијата, хормоналната рамнотежа и тежината – објаснува нутриционистот и доктор Карлин Розенблум за порталот PureWow.

– Потрошувачката на кофеин кога нивото на кортизол е највисоко поттикнува на зголемено лачење на кортизол. Иако сè уште не е објаснето зошто тоа се случува, ние веруваме дека кафето влијае на одредени витамини и минерали во организмот – заклучува д-р Розенблум и предупредува:

– Кортизолот, како и сите други хормони, е неопходен за функционирање на телото, но проблемот се јавува кога сме постојано под стрес и кога телото постојано го лачи. Ова може да доведе до зголемено ниво на шеќер во крвта и отпорност на инсулин.

Покрај стимулирање на дополнителното лачење на кортизол, кафето на празен стомак може да предизвика дигестивни проблеми и да го зголеми нивото на киселина во желудникот. Ако имате проблеми со стомакот, добро е да знаете дека ладното кафе е 70% помалку кисело од топлото.

Ако станете околу седум наутро, најдобро е да го испиете првото кафе помеѓу 9.30 и на пладне – кога нивото на кортизол е природно ниско. Се разбира, важно е да јадете претходно.

 

Поради киселоста на кафето, добро е да јадете храна богата со калциум, како бадеми, јогурт или чиа семе, кои ја неутрализираат киселоста, советува Розенблум.

Ако пиете кафе во ова време, ќе го добиете потребниот стимул и енергија.

 

Еве во што не треба да пиеме кафе

Според германските истражувачи чашите направени од бамбус се повеќе еколошки и попогодни ако земате кафе за надвор, но тие се штетни по здравјето затоа што содржат соединенија кои се опасни по здравјето, пренесува DW.

Во ова истражување се вели дека креаторите на овие чаши ги рекламираат како да се направени од бамбус или од бамбусови влакна, но често не ги спомнуваат влакната кои се во прав, и кои се лепат во форма на чашата.

Тоа е меламин смола, еден вид лепило кое може да предизвика оштетување на бубрезите и мочниот меур, додека формалдехидот може да и наштети на кожата, респираторните органи, очите и така натаму.

Понатаму, истражувачите тврдат дека меламинската смола е безопасна на температури под 70 Целзиусови степени. Меѓутоа, кога во чашата се влева врело кафе, таа температура може да биде многу повисока.

Истражувачите ги тестирале чашите пополнувајќи ги со малку кисела течност слична на кафе, а потоа ја задржале на 70 степени околу два часа.

Потоа ја тестирале течноста и ја повторувале постапката седум пати. Во седум чаши откриле „многу висока содржина“ на меламин, а некои содржат и големи количини на формалдехид.

Само една од 12 чаши не содржеше штетни хемиски соединенија.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close