Кафе муабет
Оваа убавица е снаата на Жика Јакшиќ- син му е познат енолог а еве со што се занимава неговата избраничка (ФОТО)
Го освои со својата мирна природа...
Андрија Јакшиќ е син на познатиот водител и продицент Жика Јакшиќ. Имено во една прилика наследникот на Жика, призна дека се плаши од брак, затоа што многумина му велеле како да е затвор!
Снаата на Жика Јакшиќ, Јехослава Јакшиќ е строго против појавување во јавност.
Сопругата на наследникот на водителот, мајсторот енолог Андрија Јакшиќ, е фокусирана на козметичкиот сектор и води мирен живот далеку од јавноста.
Јакшиќ во една прилика откри дека ги почитува желбите на снаата и не ја тера да се фотографира за медиумите. За Стори признал дека му се допаѓа да живее со неа и неговиот син под ист покрив, бидејќи прекрасно се согласуваат и се почитуваат, а особено се радува кога ќе види како младенците се надополнуваат.
Судбоносното “да” со Андрија го кажала на интимна церемонија во Германија, а набрзо и двајцата со водителот се преселиле во Бежанијска коса.
Наследникот на Жика е воодушевен од брачниот живот, особено од неговата избраничка и нејзината мирна природа.
– Еден месец на нашиот заеднички одмор имав можност да ја набљудувам Јехослава, и да набљудувам дали е темпераментна или повлечена девојка. Веднаш ми се допадна и по примерот на моите родители, по две години врска, сметав дека е нормално да ја запросам. Многумина ми кажаа дека бракот е затвор, но јас уживам во него. Никогаш во животот не сум се чувствувал подобро – изјави наследникот на Јакшиќ.
За потсетување, продуцентот и авторот на емисијата „Никогаш не е доцна“, Жика Јакшиќ има два сина од два брака. Првиот син Андрија го доби од бракот со Снежана, додека Душан го доби пред шест години во брак со Дајана.
Жика многу пати истакна дека е многу горд на својот син, бидејќи ја продолжи традицијата на неговиот роден град Александровац, кој е познат по винското кралство.
-Работата со вино е многу сериозна. Тоа го започна мојот син Андрија. Тој е најобразован Србин во тој поглед, тој е господар на енологија ( наука која го изучува виното од сите аспекти, од бербата на грозје до производство и складирање на вино) – се пофали Жика во разговорот за српски „Свет“.
-Иако тој можеше да ја заврши таа работа каде и да посака во светот, почнувајќи од Калифорнија, преку Канада, Париз и сите други дестинации, успеав да го задржам во Србија и сега тој работи тука – додаде Јакшиќ.
-Од осум натпревари на кои отиде нашето вино, тој освои исто толку медали. Пет златни, две сребрени и една бронза. Мојот син го направи своето прво вино во 2016 година, како ремек-дело, а последните две години работата се одвива многу сериозно – вели Жика.