Кафе муабет

Оваа убавица е кума на Јелена Карлеуша: Пораснаа заедно, но поради една причина никогаш повеќе не се видоа

Тие беа неразделни...

Малкумина ја паметат Ивана Кукриќ која своевремено беше една од најубавите Србинки во светот на модата.

фото инстаграм/Ивана Кукриќ

Доказ за ова тврдење е фактот што манекенката била и каскадер на Хали Бери во една реклама, кога наместо очите на актерката биле користени нејзините очи.

фото инстаграм/Ивана Кукриќ

Својата кариера долго време ја градеше во Америка, каде што чекореше по модните писти на највлијателните брендови и ги красеше насловните страници на најпрестижните списанија, а неверојатно е што и денес, на 41-годишна возраст, Ивана сè уште има извајано тело на кое може да и подзавидат многу девојки.

фото инстаграм/Ивана Кукриќ

И по раѓањето на нејзината ќерка Хана, Ивана успеа да ја врати својата линија.

фото инстаграм/Ивана Кукриќ

Таа е среќно мажена за црногорскиот бизнисмен Иван Бајковиќ, со кој пред свадбата беше во врска 5 години, а моментално парот живее во Лос Анџелес. Сопругот речиси никогаш не го покажува на Инстаграм, а деталите за нејзината љубов ги чува од очите на јавноста.

фото инстаграм/Ивана Кукриќ

Ивана на јавноста и стана позната и како кума на Јелена Карлеуша на првата венчавка. Тие две беа повеќе од блиски, а во 2004 година нивното пријателство се претвори во кумство кога Јелена се омажи за Бојан Кариќ. Ивана беше кума на Јелена, што беше и очекувано бидејќи тие две заедно пораснаа.

фото инстаграм/Ивана Кукриќ

Меѓутоа, со текот на времето нивните односи заладија, така што Ивана не беше поканета на свадбата на Јелена и Душко.

фото инстаграм/Ивана Кукриќ

Дека Јелена и Ивана си го продолжија животот, секоја на своја страна говори и податокот дека иако манекенката по долго време се врати во Србија, не се сретна со поп дивата. Подоцна се пишуваше дека поранешните куми повторно воспоставиле комуникација, но ниту една страна никогаш не сакала да ја коментира нивната врска.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Денес животот на Ивана навистина изгледа како бајка, но не беше секогаш така. Имено, таа пред бракот беше во долга врска со Драго Тришиќ со кого дури и беше свршена, но нивната врска не траеше долго.

фото инстаграм/Ивана Кукриќ

За среќа, животот и кариерата веќе ја однесоа во странство, каде што живее и денес, а денес зад себе ги остави сите лоши работи.

фото инстаграм/Ивана Кукриќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close