MAMA
Оваа жена тврди дека ќе ве научи како да манипулирате со мажите за да го добиете она што го сакате
Користете ја лукавоста, женственоста и упорноста за да го добиете она што го сакате
Видеото на Австралиски „животен тренер“ стана вирално бидејќи ги подучува жените како да манипулираат со своите мажи за да го добијат она што го сакаат од нив, како да ја засилат својата женственост и како да престанат да се жалат постојано.

34 годишната Маргарита Назаренко ги охрабрува жените како да ја искористат својата упорност, лукавост и женственост за да напредуваат во животот и стратешки да го добијат она што го сакаат од нивните машки партнери и со тоа да уживаат во живот на раскошен начин.
Мајката за да го објасни овој процес употребува три вида на животни- елегантната срна, млечната крава и работниот коњ.

Елегантната срна е олицетворение на женската енергија кон која жените треба да се стремат да ја имаат.
Млечната крава која според овој животен тренер е олицетворение на работниот модел на матријахатот и работливиот коњ е олицетворение на жената со мускулна енергија која работи, напредува во својата кариера и на која не и е потребна помош од нејзиниот партнер.

Маргарита од Сиднеј тврди дека жените треба да ја засилат својата женственост, доколку сакаат мажите да направат повеќе за нив.
– Не борете се со нив за да го направат она што го сакате, нема да успее. Мажите копнеат за женственост и добиваат огромно исполнување кога и служат на женската енергија- вели таа.

-Пофалете ги врвните квалитети на мажот, бидејќи на тој начин тие ќе се засилат. Немојте постојано да се жалите за работи кои не ги менува кај себе, затоа што тоа ќе му ја намали желбата да се смени на подобро-додаде Маргарита.
Оваа жена тврди дека манипулацијата не е ништо повеќе освен влијание брз мажот на вешт начин.
Маргарита раскажува како го манипулирала својот сопруг, 42 годишниот хирург Симон, а со тоа успеала да го исполни своето патување од соништата. Таа вели:

-Доколку го поддржуваш својот сопруг, тоа може да доведе до неверојатно добри резултати. Симон сакал да купи РВ-возило, а јас глумев дека сум заинтересирана во реализација на неговата желба, па така заминавме на изложба за вакви возила во Лас Вегас.
-Испадна дека имавме неверојатно патување, преубав одмор во Лас Вегас, Лос Анџелес и Сан Франциско, а Симон не го купи возилото-рече Маргарита-пишува Дејли Меил.

-Жените треба да го поддржуваат својот маж во секој нивен сон. Ако тој рече дека сака да гради фарма за хрчаци во Вајоминг, треба да ја поддржите неговата одлука, а тоа може да стане нешто неверојатно за вас-раскажува таа.
-Никогаш не треба за нивните идеи да коментирате во стилот, „Каква фарма за хрчаци, да не си идиот?“ , туку треба да делувате во насока „Ми се допаѓаат хрчаците, туку дали размислуваше каде ќе живееме кога ќе ја имаме фармата?“-објаснува Маргарита.

Понатаму како што Маргарита објаснува, има три типа на жени чии карактеристики пробува да ги објасни преку три вида на животни.
Мајчинската улога ја објаснува како млечна крава која премногу работи и е секогаш уморна.

-За да излезе жената од оваа улога мора да научи како да ги дели своите мајчински обврски со својот партнер, наместо да пробува да направи се сама-вели Маргарита.
-Работниот коњ е всушност жена која е влезена во доминантна машка улога. Јас самата бев од овој тип на жени целиот мој живот. Сакав сама да ги плаќам моите сметки и секогаш сакав да бидам со мажи кои не сакаа да бидат со мене-раскажува таа.

Според овој животен тренер, жената треба да се стреми секогаш да е во улогата на елегантна срна која ќе биде полна со женственост и ако осети дека нешто не е во ред, секогаш треба да бега.



Извор: Дејли Меил