Новости

Оваа бременост најверојатно ми е последна: 41 годишната пејачка не сака јавно да го открие полот на бебето!

Пејачката на 41 година е бремена со првото дете

Има 41- година, важи за една од најатрактивните пејачки и водителки во Хрватска  на Балканот, но сега Маја Шупут, со нетрпение чека да се оствари во новата улога на мајка.

 

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

 

Со оглед на фотографиите кои ги објавуваше, до пред неколку недели не можеше ниту да се забележи дека таа е во блажена состојба, благодарение на нејзиното витко и убаво обликувано тело.

Пејачката која минатата година во мај го кажа судбоносното Да, и се омажи со својот партнер Ненад Татаринив, сега е бремена со првото дете, и парот е многу возбуден поради оваа нова ситуација.

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

 

Маја во едно интервју вели дека со оглед на годините (41) најверојатно ова и е прво и последно дете, па затоа решила да му удоволи во се, па така пејачката веќе набавила се што е потребно за детето, но рече дека не сака јавно да го открие полот на бебето. Инаку таа открива дека има зголемен апетит па поради тоа не ја изоставува својата навика, вежбањето.

 

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Пред неколку дена таа и нејзиниот сопруг го почувствувале првото клоцање на бебето, и вели дека тоа ги направило особено среќни.

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

– Она што не направи најсреќни како родители е што бебето го следеше нашето темпо бидејќи клоцањето беше на полноќ. Значи, не во девет наутро или напладне, туку на полноќ. Потоа, Ненад ја стави главата на мојот стомак и рече: „Љубов на тато, браво. Ќе бидеш ноќна птица на мама! ‘ рече таа во интервју за 24 часа.хр.

 

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

 

Маја истакна дека засега нема настапи, бидејќи е таква ситуацијата со коронавирусот, но се пофали дека наредната година ќе биде со полни раце работа, и дека веќе е повикана на многу свадби. Вели дека ќе се врати на работата неколку месеци по породувањето.

 

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

 

Мојата работа е одлична, одам да пеам од осум навечер до пет наутро. Ќе го заспијам бебето, ќе искочам, а потоа ќе се вратам дома, а бебето дури и нема да знае дека не сум била таму, на крајот на краиштата тоа бебе има и татко, нели? рече пејачката.

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Покрај музиката, на убавата русокоса голема страст и е и модата, па неретко ќе се пофали и со по некоја гламурозна и несекојдневна комбинација.

 

Пред неколку недели таа откри детали од своите први четири месеци од бременоста, рече дека немала мачнини, но и дека кога ја дознала веста била шокирана.

Маја откри како реагирал нејзиниот сопруг Ненад Татаринов кога дознал за бременоста.

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

„Тој почна да плаче, како и секој поштен иден татко. но тоа беше баш убаво, прв пат видов дека тој човек плаче“, раскажа Маја за Магазин Ин..

Маја со романтична фотосесија со нејзиниот сопруг убавата вест дека е бремена ја објави на Инстаграм.

 

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Инаку, Маја е мошне популарна на социјалните мрежи па така само на својот профил на Инстаграм име преку 450.000 фанови. Таа редовно објавува фотографии на својот профил, а не ретко знае да ги израдува и со по некоја екстравагантна или пpoвoкативна фотографија.

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close