Новости

Објави видео од ќерќичката која зборува со пепелта на неродениот брат- ОТИДЕ ЛИ ПРЕДАЛЕКУ КРИСИ ТАЈГЕН?

Криси не може да се опорави по загубата на синот

Познатата манекенка, водителка и сопруга на пејачот Џон Леџенд, 34-годишната Криси Тајген пред речиси два месеци го изгуби бебето Џек, а секојдневно објавува на социјалните мрежи дека тој не им излегува од мисли.

 

 

Криси Тајген го изгуби бебето во петтиот месец од бременоста по компликациите во нејзината бременост, односно обилно крварење.

 

 

Денеска таа на својот официјален Инстаграм профил сподели слатко и трогателно видео во кое нејзината четиригодишна ќерка Луна разговара со урна во која се наоѓаат кремираните остатоци од нејзиниот брат.

 

Во описот на видеото Криси напиша дека овие денови многу размислува за нејзиниот нероден син и дека многу и недостасува.

Таа објасни како им била испратена урна со неговата пепел, завиткана во света и благословена тајландска лента.

 

 

Ќерќичката Луна го постави своето „терапевтско мече“ покрај  урната и ја стави својата омилена закуска за Џек.

 

 

‘Во нашиот дом сме многу отворени и разговараме со децата за теми за животот, смртта, тагата. Се обидуваме да им објасниме сè на убав, духовен и директен начин. Знам дека ова е чудна објава, но сакав да покажам јавно дека мојот живот е неизмерно подобар и полесен поради мојата Луна, која е неверојатно емпатична, таа е вистинска моја мини верзија. Многу ни недостасува Џек ’, напиша Криси, која има и двегодишен син Мајлс.

Инаку на почетокот на минатиот месец, по пат на Инстаграм во длабока болка Криси сподели со  обожавателите дека го изгубила третото дете кое беше на пат.

 

 

– Во голем шок сме и во длабока болка. Ваква болка никогаш до сега не сме почуствувале, напиша тогаш ожалостената мајка под фотогафијата и додала:

 

– Наш Џек – толку ми е жал што беше толку комплицирано што не можевме да ти го дадеме потребниот дом за преживување. Секогаш ќе те сакаме, стои во објавата.

 

 

‘Инсистирав Џон и мајка ми да фотографираат сè, колку и да е срамно. Знаев дека треба да го запомнам овој момент, како и најубавите моменти во нашиот брак, оние кога се венчавме и кога се родија првите две деца. Морав да ја споделам мојата приказна “, призна таа.

 

Нивната семејна среќа Џон и Криси не ја кријат од очите на јавноста, и постојано објавуваат фотографии на својот Инстаграм профил од нивното секојдневие.

Во продолжение погледнете неколку фотографии ос ова хармонично семејство:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close