Кафе муабет
Облече тесни хеланки и го запали Инстаграм: Ана Севиќ блеска во третата бременост!
Пејачката доби пофални коментари за својата линија...
Пејачката Ана Севиќ е бремена со третото дете а сега ги воодушеви фановите.
Имено пејачката позираше во лифт и го покажа трудничкиот стомак, но секако она што многумина го забележаа е заносната фигура на пејачката.
Севиќ носеше црни хеланки и тесна маичка, па до израз дојде нејзиниот стомак, но и одличната линија на Ана, бидејќи не се забележуваат вишок килограми.
Веднаш потоа следеа коментари од фановите:
„Трета бременост, а каква риба, браво“, „Изгледаш феноменално“, „Секоја чест убава жено“ …
Инаку ова е трета бременост на Ана и мора да признаеме дека изгледа одлично.
Да потсетиме, пејачката со Дарко Лазиќ ја има ќерката Лорена, додека со сегашниот сопруг Данијел Недељковиќ ја има ќерката Сена, чиј прв роденден неодамна го прославија.
За таа пригода пејачката се погрижила се да и биде беспрекорно за нејзината сакана.
Мама Ана направи хит фотографија од Сена која го освои Инстаграм.
Имено Сена завртена со грб седи на столче со потпирач во облик на круна, на кој стои натписот – Сена.
Безброј балони, мечиња и разни други украсни детали ја направија сцената на која главна ѕвезда беше Сена – втората ќерка на Ана Севиќ, која штотуку го прослави својот прв роденден а сега ќе добие и придружба.
„Нема зборови со кои може да се опише мојата радост. Првиот роденден на нашето мало чудо. Сена наполни 1!“, напиша Ана на Инстаграм и сподели фотографии од прославата.