БебеБрак

Носи само брендирана облека: Познатата старлета го покажа синчето- погледнете како го облече за големата прослава

Таа е фокусирана на наследникот...

Старлетата Ана Корaќ неодамна се породи и стана мајка на преслатко момче, а нејзините следбеници коментираат за стајлингот на наследникот кој старлетата од мали нозе го облекува по најнова мода.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Синот на Ана, чие име се уште не го открила во јавноста, се облекува според трендовите, а за неговиот стајлинг секако се погрижила неговата мајка.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Кораќ важи за дама со исклучителен стил, а нејзините аутфити се копирани од бројни старлети, иако малкумина знаат како да „го носат“ парчето облека како неа.

Нејзиниот син дефинитивно ќе го наследи овој талент, а од мали нозе гордата мајка го облекува како за на модна писта.

фото инстаграм/Ана Кораќ

– Нашата прва слава. Среќна слава на сите што слават – стои во описот на фотографијата на која се гледа дека нејзиниот син веќе носи фармерки, џемперче и патики од познат бренд.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Неодамна во едно интервју Ана истакна дека за синот не гледа кој бренд е облеката туку да е удобно за едно бебе.

фото инстаграм/Ана Кораќ

– Го облекувам како што сите мајки ги облекуваат своите деца. Така функционирам сега и ќе продолжам и во иднина. Не сум роб на брендови, сакам квалитетни работи, но не ги истакнувам јас, туку тие што пишуваат за мене. Јас го разбирам сето тоа. Ретко зборувам за материјални работи и можеби луѓето имаат погрешна слика за мене бидејќи често рекламирав некои комбинации, но тоа беше деловна соработка. Мојот син расте во нормално семејство, каде што се ценат вистинските вредности и ќе се обидам да го истакнам тоа, рече Ана, пренесе Република.рс.

фото инстаграм/Ана Кораќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close