Кафе муабет

Новото момче на Тања Савиќ и донесе среќа по агонијата низ која минуваше: Си ги врати синовите и сега е посреќна од било кога!

Тања конечно е среќна...

Јавноста е запознаена со проблемите низ кои минуваше фолкерката Тања Савиќ и борбата за нејзините синови.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Имено нејзиниот поранешен сопруг Душан и ги одзеде синовите Максим и Ѓорѓе и без нејзино знаење ги однесе во Австралија а пејачката минуваше низ агонија и ги направи сите напори за да ги врати своите деца покрај себе.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Тања Савиќ во тој период се повлече од медиумското подземје. Пејачката сега конечно е мирна и ужива во родното Смедерево со наследниците Ѓорѓе и Максим, а во ретки прилики кога ќе се појави пред фоторепортерите, сите можат да забележат дека фолкерката блеска.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Таа неодамна се појави на еден настан во Белград и конечно проговори за врската со поранешниот сопруг Душан.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Максим и Ѓорѓе редовно разговараат со Јованчевиќ, а како што вели и таа би сакала да биде во контакт со него, но тој упорно одбива.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Како што рекла Тања во таа прилика, се случила ситуација кога училиштето во кое одат децата и побарале извод од матичната книга на родените, што таа го побарала од Душан, но и тогаш не добила одговор од него.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

– Нека стиска заби и нека дојде, сето тоа е дел од животот – додаде таа.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

– После сите мачни години и се низ што поминав, мислам дека конечно заслужувам да го живеам животот во потполност. Одвнатре сум исполнета, но не би открила за кого се работи – изјави пејачката за „24седум“ и со тоа потврди дека во нејзиниот живот има некој кој и ја врати вербата во љубовта и ја прави среќна а тоа може да се забележи и по тоа што пејачката изгледа поубаво од било кога.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Тања Савиќ наводно кога минувала низ тешкиот период посетила и гатач.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Според извор кој бил на лице место, Тања кај гатачот кој гледа на карти дошла со помлад маж и девојка. Таа во Краљево останала околу час и половина, а со насмевка ја напуштила куќата на гатачот.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

„Тој човек има околу 70 години и гледа на карти, но ако сакате да го прашате конкретно за некоја личност, пожелно е да донесете слика или работи од личноста за која прашувате. Нема закажување термин, ниту има тарифа даваш колку пари мислиш дека треба. Се наоѓа во населба во Краљево, а куќата му е на ридски пат, подигната, не оградена и стара, неодамна бев кај него, земав другарка која дојде од Белград, четврток беше, отидовме многу рано за да ја избегнеме гужвата. Стоев пред куќата кога застана сива кола и видов две девојки и еден помлад маж. Дечкото ме праша дали тоа беше куќа на гатачот и јас потврдив дека внатре веќе има некој. Кога го свртев вниманието кон девојките видов дека една од нив е Тања Савиќ. Мислам дека веднаш сфати дека ја препознав, па таа го фати за рака и набрзина влезе во куќата.Таа носеше чанта и слика во раката, подоцна другарка која беше внатре ми кажа дека тоа било слика од тој градоначалникот Драшко Станивуковиќ, веројатно прашала што ќе биде со него“, рече изворот неодамна и додаде:

фото инстаграм/Тања Савиќ

“Тања остана околу час и половина, си замина со насмевка, па верувам дека и се допадна се што и кажа јасновидецот. Тој навистина не греши и многу луѓе го посетуваат. Тања не е првата позната личност која отишла кај него. Носеше и некоја ќеса со амајлии, веројатно за љубов, пари, здравје, полна беше ќесата“, заклучи изворот.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close