Дом и семејство

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СЕМЕЈСТВОТО ШУМАХЕР: Корина 10 години живее како затвореник- откриени детали за здравјето на легендарниот возач на Формула 1

Семејството го крие далеку од очите на јавноста...

Поминаа речиси десет години од тешката несреќа на скијање на француските Алпи во која настрада легендарниот возач и седумкратен шампион во Формула 1, Михаел Шумахер (54) .

Фото Инстаграм/Михаел Шумахер

Семејството Шумахер по несреќата живее на имот во Швајцарија кој се наоѓа на Женевското езеро, а нивната вила има подземна гаража и сопствена бензинска пумпа.

Фото Инстаграм/Михаел Шумахер

Тие поседуваат и ранч со коњи каде Корина често престојува, но сепак не сака да открива премногу детали за приватниот живот.

фото инстаграм/Мик Шумахер

Корина е активист за правата на животните и јавач на коњи, а се омажи за ѕвездата на Формула 1 во 1995 година.

Фото Инстаграм/Михаел Шумахер

Сопругата на возачот учествуваше на неколку натпревари во јавање, а во 2010 година го освои европскиот шампионат во еден стил на возење. Таа е блиска со ќерката Џина-Марија (26) и синот Мик (24), кој тргна по стапките на својот татко и почна да се натпреварува во Формула 1.

Фото Инстаграм/Михаел Шумахер

По несреќата Михаил Шумахер речиси шест месеци беше во медицински индуцирана кома. Од 2014 година, кога беше префрлен во семејниот дом на рехабилитација, семејството Шумахер се повлече од јавноста за да ја заштити неговата приватност. Неговите многубројни обожаватели десет години се обидуваат да дознаат информации за неговото здравје, надевајќи се на најдоброто, а сите информации се чуваат строго доверливи.

Фото Инстаграм/Михаел Шумахер

Сопругата на Шумахер, Корина (54), која самиот Михаел во интервјуто пред несреќата ја нарече „ангел чувар“, во изминатата деценија својот живот го насочи на својот сопруг. Таа му пружила најдобра можна медицинска нега и ја зачувала неговата приватност, што воопшто не било лесно.

Фото Инстаграм/Михаел Шумахер

Како изгледа нејзиниот живот денес за медиумите откри близок пријател на семејството Еди Џордан за британскиот OLBG.

Зборувајќи за Корина, тој рече дека нејзината постојана борба и притисокот со кој се соочува ја претвориле во „затвореничка“ бидејќи не можела да се дружи со луѓето поради стравот дека сите постојано ќе прашуваат за состојбата на нејзиниот сопруг.

Фото Инстаграм/Михаел Шумахер

– Приватноста е толку важен аспект за спортот, бизнисот и вашиот личен живот. Корина постави некои правила, ја познавам многу добро и многу пред Михаел Шумахер. Таа е прекрасна девојка и ја знаев кога се омажи за Мајкл, така што има долга историја на добри односи – рече Џордан и продолжи:

Фото Инстаграм/Михаел Шумахер

– Ова беше најлошата ситуација за Мик и Корина. Поминаа речиси десет години, а Корина сè уште не може да оди на забава, ручек, патување… таа е како затвореничка затоа што сите сакаат да зборуваат со неа за Мајкл во моменти кога таа сака да побегне од сето тоа – изјави Џордан, додавајќи дека целата ситуација е многу тешка и за нивниот син Мик (24).

фото инстаграм/Мик Шумахер

– Тешко е и за Мик, тој се обидува да направи кариера. Ако Мик не беше под притисок од неговиот татко, тој веројатно ќе беше многу подобар возач отколку што мислиме. Сепак, ова е неговиот татко и тој мора да го разбере тоа и да се справи со тоа, а моите мисли се со него. Не разговарам често со Мик, но ми се допадна она што го кажа за возењето на Џордан што го возел неговиот татко, тоа беше носталгичен и многу убав момент. Сепак, на Мик му треба сопствен слободен простор и време, како и на сите во тоа семејство – рече Џордан, кој го водеше Ф1 тимот од 1991 до 2005 година и му даде одлична можност на младиот Шумахер да се пробие во Ф1 кога имаше 22 години –  да дебитира со тимот на Гран При на Белгија во 1991 година.

фото инстаграм/Мик Шумахер

И покрај тоа што му дава голема поддршка, Џордан вели дека ниту од сопругата на Шумахер не добил дозвола да го посети неговиот голем пријател Михаел.

– На почетокот се обидов да одам кај Мајкл, а Корина одби, и со право, бидејќи премногу луѓе сакаа да го видат. Жан Тод ја доби привилегијата да гостува поради тоа колку беа блиски од времето заедно во Ферари, што е сосема разбирливо. Не можев да одам да го видам Мајкл и ми рекоа: „Те сакаме Еди и долго време сме пријатели, но ни треба приватност и заштита за Мајкл“, рекол Еди Џордан.

Фото Инстаграм/Михаел Шумахер

Корина во една прилика истакна дека и недостасува стариот Михаил.

-Ми недостига секој ден. Се промени, но е присутен. Сè уште ми покажува колку е силен секој ден – изјавила Корина.

Фото Инстаграм/Михаел Шумахер

– Секоја негова трка завршуваше среќно, тој немаше ниту модринка и секогаш знаев дека Мајкл го штитат ангели чувари. Можеби бев наивна, создадов еден вид одбранбен ѕид и секогаш мислев дека никогаш ништо нема да му се случи – додаде Корина.

Фото Инстаграм/Мајкл Шумахер

– Никогаш не го обвинував Бог за тоа што се случи, тоа беше навистина лоша несреќа, истото може да му се случи на секого.

Корина во една прилика призна дека по трагичната несреќа целото семејство отишло на терапија.

Фото Инстаграм/Михаел Шумахер

– Се држиме заедно, семејството отсекогаш ни било најважно, се трудиме да бидеме среќни онака како што Мајкл не памети. Живееме заедно во семејниот дом, одиме на терапија и правиме се што можеме за да  му бидде подобро и да се увериме дека ништо не му недостасува. Продолживме со нашите животи, секогаш велеше дека приватноста е важна и многу ми е важно нашите животи да останат приватни, без медиумско изложување. Мајкл отсекогаш не штител, а сега ние мораме да го заштитиме – изјавила Корина која со години е во војна со поранешниот менаџер на нејзиниот сопруг, кој тврди дека лаже за неговата состојба.

Фото Инстаграм/Михаел Шумахер

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close