Брак

Ништо од разводот: И покрај драмата што и ја приреди на Божиќ, Карлеуша му прости на Душко!

Пејачката прави се за да го спаси бракот...

Не стивнуваат написите за скандалот во домот на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша. Имено наместо Божиќ да го дочекаат во мир, љубов и радост, пејачката и поранешниот фудбалер се најдоа во ударни вести.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Пејачката наводно побарала помош од полицијата бидејќи Душко физички ја нападнал.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

За немилиот настан Јелена кратко проговори на Инстаграм, апелирајќи до јавноста и медиумите да престанат да шпекулираат и да ги остават неа и нејзиното семејство на мира.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Точно е дека не се зборува за развод. Ако нешто се случило на тој спорен ден, двајцата се доволно зрели сами да ги решат проблемите што ги имаат. И двете се ќерки на прво место, најважно им е што се добро, а Атина и Ника се многу поврзани и со мајка им и со татко им. Бидејќи се веќе големи и можат да следат што се пишува, пред се Јелена и Душко сакаат да ги заштитат од сензационалистички написи – открил за „Скандал!“ извор близок на познатата двојка.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

За потсетување, пејачката го пријавила својот сопруг во полиција на 7 јануари, тврдејќи дека ја плукнал и и удрил шлаканица.

Фото Инстаграм/Ника Тошиќ

На познатиот фудбалер му беше изречена итна мерка забрана за приближување до Јелена во траење од 48 часа, која потоа беше продолжена на уште 30 дена.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Ника Тошиќ
Фото Инстаграм/Ника Тошиќ

Сепак, и покрај драмата, Карлеуша мора да си ја заврши работата, па по концертот пред Собранието на Република Србија, за Нова година, се подготвува за настап во Дубаи.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Популарната пејачка вчера ги извести сите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм дека нејзиното „дружење“ со странската публика наместо на 14 јануари ќе се одржи на 21 јануари.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Настапот беше одложен само за 7 дена за да се исполнат сите технички услови! – истакна Ј.К.

Како што пишуваа медиумите пејачката наводно има желба да оди со него во потоплите краишта и да се обиде да ја зачува брачната заедница. Ова за „Курир“ го потврдил нивниот заеднички пријател, кој инсистирал да остане анонимен.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Можам да ви кажам дека страстите се смирија. Сè е повторно во ред. Полека се заборава напнатоста која постоеше претходните денови. Јелена се подготвува за настапот и сакала Душко да оди со неа. Засега не се знае дали Душко ќе патува со неа, но дефинитивно со децата ќе замине на одмор во Дубаи, традиционално во февруари. Оваа ситуација, која воопшто не била сјајна, многу ги вознемирила, но, колку што гледам, сфатиле дека од кавгата нема ништо и дека се може да се реши на мирен начин. И двајцата беа многу напнати, лути еден на друг, а наследничките успеаја да ги смират на вистински начин. Тоа ќе помине. Тие издржаа многу поголеми бродоломи. На сите им е жал за се што се случи и што надлежните мораа да интервенираат на најрадосниот христијански празник – изјави пријателот на Јелена и Душко.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Јелена дава се од себе за да го спаси бракот. Ниту еден не споменува развод. Таа сметала дека е најдобро заедно да отпатуваат во Дубаи. Тоа би било одлична прилика да се средат работите, но ќе видиме дали ќе има заедничко патување, бидејќи на Душко му е забранет пристап од триесет дена. Карлеуша патува во среда и најверојатно ќе остане десетина дена. Овој настап и е многу важен. Таа жена многу издржа на својот грб, но работата и семејството и се на прво место. Ние пријателите сме убедени дека ова патување повторно би ги зближило – заклучи изворот.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close