Кафе муабет

Нина Јанковиќ го откри името на бебето- актерката се одлучи за старо хебрејско име со посебно значење!

Треба да се породи на пролет...

Нина Јанковиќ наскоро ќе роди ќерка, а актерката и нејзиниот сопруг одлучија какво име ќе и дадат на наследничката.

Нина ќе се породи на пролет, а на ќерката ќе и го даде името Иванка, откри актерката за магазинот „hello“.
Името Иванка влезе во српскиот јазик преку грчката и латинската верзија, што пак дојде од хебрејскиот „Јоханан“ („Јехонен“), што се состои од „Јахве“ (што значи „Бог“) и „Ханан“ (што значи „ Милостив ”). Значењето на ова име е,  „Бог е милостив“.

Ова е второ дете за Нина и нејзиниот сопруг Матеја Дичиќ, додека постариот син Вукашин наскоро ќе наполни три години.

По бременоста со Вукашин, актерката се врати на работа по само два месеци, а неодамна откри дека нема проблем да го дои бебето и додека е на сет.

– Некој може да каже види ја оваа будала, а некој пак ќе каже дека тоа е дел од секојдневието. За среќа, имав само две снимања кои траеја цел ден, така што двапати ми го донесоа Вукашин на сет, и од тогаш оставав млеко. Јас и не го оставав често. Можеби и малку претерав во тоа. Се одделувавме само неколку пати на една или две вечери – вели актерката.

Иако Нина важи за една од јавните личности која многу не сака да зборува за својот приватен живот, сепак откри и дека започнала со подготовки на детската соба, за бебето.

– Почнав да ја средувам просторијата, и се надевам дека ќе завршам сè. Јас сè уште не купувам ништо, имам еден куп играчки од Вукашин, некои се неутрални и неискористени. Секако дека ќе и купам играчки и сè што е потребно, но сепак е рано. Имав мачнини, беше страшно на почетокот – рече таа.

Нина вели дека била изненадена од реакцијата на Вукашин со оглед на тоа дека повеќето момчиња посакуваат да добијат братче, сепак тој бил пресреќен од веста дека ќе добие сестричка.

– Не знам колку е свесен, но тој рече дека сака сестра, што е малку и чудно за едно момче, бидејќи тие најмногу сакаат братче. Неговата желба се оствари. На сите кажува дека мама има бебе во утробата – со насмевка вели Нина, а потоа откри дека името за нејзината наследничка ќе го открие нејзиниот сопруг.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close