Кафе муабет
Никој ја нема видено: Оваa црнокоса убавица е сестрата на Јелена Ѓоковиќ- никогаш не зборува за неа јавно а ЕВЕ ЗОШТО
Марија и Јелена се многу блиски...
Јелена Ѓоковиќ, сопругата на број еден тенисерот, Новак Ѓоковиќ важи за една од најпознатите жени во регионот и често е главна тема во медиумите.
Но и покрај тоа што Јелена и Новак постојано се под будното око на јавноста, сепак нејзиното семејство може да ужива во својата приватност без притисокот на медиумите.
Она што малкумина го знаат е дека Јелена има сестра со која е многу блиска.
Зетот на ѓоспоѓа Ѓоковиќ е во брак со нејзината сестра Марија речиси седум години и анонимно уживаат во љубовта, но имаше моменти кога можеа да се видат во јавноста.
Сестрата на Јелена Ѓоковиќ и стана позната на јавноста дури кога папараците ја забележаа и ја фотографираа со Јелена на „УС Опен“, кога насловот во сите медиуми беше „Која е огнената црна жена што го бодри Новак Ѓоковиќ?“.
Марија Ристиќ, црнка со магична насмевка, е исто толку убава, скромна и префинета како нејзината сестра Јелена и исто како неа ужива во среќен брак, а зетот на Јелена Ѓоковиќ и Марија имаат одлични односи со Јелена и Ноле.
Зетот на Јелена Ѓоковиќ се вика Будимир Јовковиќ и речиси седум години е причина за насмевка на лицето на Марија, а нивната љубов е полна со поддршка и разбирање, исто како и онаа на Новак и Јелена.
Инаку Јелена долго време од јавноста криеше дека се соочува со проблеми. Госпоѓа Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со години го води својот блог на кој често отворено и искрено зборува за проблемите со кои се справува.
Така, во еден од своите постови, таа откри што и било најтешко за неа кога станува збор за работа на себе.
‒ Долго време се мачам да кажам „извини“ кога е потребно и да прифатам дека не сум совршена. Откако тргнав на духовниот пат на внатрешен раст, почнав да сфаќам колку е важно да се каже извини – истакна Јелена и откри како научила многу лекции на патот да стане подобра верзија на себе.
‒ Моето разбирање за животот е дека ние сме тука да бидеме луѓе и да го покажеме тоа во секоја улога што ја преземаме. Како што стануваме помудри и постари, можеби ќе ги правиме работите подобро, но ќе продолжиме да грешиме. Треба да бидеме отворени за нови искуства во текот на животот. Ќе престанеме да правиме грешки само ако престанеме да пробуваме нови работи. Мораме да ги прифатиме страдањата и болката како процес на учење. Најкорисната вештина што некогаш ќе ја научиме е да се извинуваме и да учиме од сопствените грешки – заклучи Јелена во својот блог, пренесува Блиц.
Со оглед на тоа што во јавноста кружеа гласини дека Јелена не е во добри односи со свекрвата подолг период, ова може да значи дека постот кој го објавила се однесува токму на неа.
Тие ретко се појавуваа заедно, речиси никогаш не си правеа друштво, дури ни во тениската ложа, а интересно е што никогаш не ги ни демантираат наводите дека не се согласуваат.
Како што се пишуваше во медиумите по триумфот во Рим, Новак Ѓоковиќ решил да се посвети на средување на семејните односи, а со тоа да стави крај на конфликтот меѓу сопругата Јелена и мајката Дијана.
Наводно тогаш Новак Ѓоковиќ ја условил Јелена што поскоро да и се извини на мајка му, исцрпен од семејната ситуација и несогласувањата кои траат предолго.
-Новак не сакаше да се меша во нивната врска мислејќи дека тоа е само фаза низ која минуваат. Бидејќи работите не се сменија, Новак одморот ќе го искористи за да ги смири Јелена и Дијана, бидејќи се отиде предалеку. Откако Дијана во една емисија изјавила дека им дозволува на внуците да јадат сè, Јелена му испратила на Новак клип од шоуто, велејќи дека е непримерно Дијана да зборува така во јавноста. Новак тогаш и рекол дека и таа мора да ја спушти топката и дека би било убаво двете да седнат и конечно да разговараат – рече извор за „Стар“ .
– Јелена пред две години кажа нешто што многу ја повреди Дијана и Ноле смета дека треба да и се извини за тоа, за да продолжат без срам. Тој и нагласил на Јелена дека не му треба притисок и дека може да имаат проблеми доколку двете не се помират, бидејќи не сака да избира меѓу мајка и сопруга. Јелена беше изненадена што овој пат не застана на нејзината страна, истакна неодамна добро упатен извор.