Новости

Николина Пишек за прв пат проговори по смрттa на нејзиниот сопруг и растажи многумина

Не може да се помири со загубата...

Српските медиуми ја пренесуваат првата изјава на Николина Пишек по ненадејната смрт на нејзиниот сопруг Видоје.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

– Се чувствувам ужасно, едвај зборувам. Сè уште нема обдукција, јас знам колку и вие за причината за смртта. Тешко ми е, пристигнав во Белград, но моментално не сум во куќата каде што живеев претходно. Ви благодарам на разбирањето, не би коментирала повеќе“, изјави Николина за српска Република.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Видоје Ристовиќ ненадејно почина на 44-годишна возраст во Белград.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Со Николина помина десет години. Како што пишуваат српските медиуми, тие се сретнале во Дубровник, а потоа повторно се сретнале во Белград, каде Николина била на деловно патување.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Водителката еднаш изјави дека Видоје долго и се додворувал и и праќал подароци, меѓу кои имало и големи количини гумени бонбони кои таа ги обожава.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Во 2012 година ја потврдија врската, а Видоје набрзо ја запроси Николина. Тие се венчаа во 2013 година во Монте Карло, каде поканија 70 од нивните најблиски пријатели и членови на семејството.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Заедно ја имаат ќерката Уна Софија.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Денеска се огласи и Виктор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф,  кој го загуби синот единец Видоје Ристовиќ, кој ненадејно почина, а како што вели во првата изјава по трагедијата што се случи, тагата е се поголема.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

-Неизмерна е тагата по синот, срцето ми се кине! На другите не им доликува да се занимаваат со теми кои се толку приземни и срамни во моментот кога не напушти едно младо и прекрасно суштество. Морам да кажам дека мојот син не ум-ре за време односи. Денеска ги добив резултатите од обдукцијата. Смртта е предизвикана од респираторна инсуфициенција, поради што престанала работата на срцевиот мускул – изјави Миша Гроф со тага во гласот, додавајќи:

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

– Ве молам, не го оцрнувајте споменот на мојот син, татко на две прекрасни ќерки, имајте душа и нека почива во мир!

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Видоје ќе биде погребан во четврток на 12 мај на Новите гробишта во Белград, а обдукцијата заврши денеска.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Семејството на покојниот Видоје Ристовиќ ги известува сите пријатели и семејството за погребот на историчарот на уметност во вечното почивалиште:

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

– Неизмерна болка и тага за нашиот единствен починат син на 44 години. Сакаме да ги информираме роднините и пријателите дека погребот ќе се изврши на 12.05.2022 година на Новите гробишта во 14:30 часот.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Според извор близок до семејството Ристовиќ, Видоје во текот на денот се чувствувал добро и не се пожалил на никакви здравствени проблеми се до неговата смрт. За време на масажата почувствувал дека не се чувствува добро и се пожалил на терапевтот, но веќе било доцна, бидејќи по неколку моменти починал.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Сите пријатели и членови на потесното и поширокото семејство се очајни по загубата на младиот Видоје кој имал сериозни планови да ги среди своите животни навики.

ФОТО: Николина Пишек / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close