Кафе муабет

НЕ МОЖЕА ДА СЕ СКРИЈАТ СОЛЗИТЕ РАДОСНИЦИ: Прва трансплантација на црн дроб од починат донор во Македонија

Историски момент за македонското здравство...

Изведена е првата трансплантација на црн дроб од починат дарител во Македонија. 

Фото:Фејсбук/Министерство за здравство

60-годишен пациент добил здрав орган од пациентка со мозочна смрт, чие семејство се соглаисло да ги донира органите.

Фото:Фејсбук/Министерство за здравство

Веста беше споделена на официјалната Фејсбук страна на Министерството за здравство и на профилот на Лекарската комора на Македонија.

Фото:Фејсбук/Министерство за здравство

„За првпат во историјата на македонското здравство денес на Клиниката за дигестивна хирурија беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат дарител. Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка со мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите’’.

Фото:Фејсбук/Министерство за здравство

Оперативниот зафат за екстрипација на црниот дроб од дарителот ја изврши хируршкиот тим под водство на проф. д-р Зоран Караџов и асс. д-р Ќемал Рушити, трансплантацијата ја изврши хируршкиот тим под водство на проф. д-р Светозар Антовиќ и асс. д-р Љубомир Огненовиќ.

Фото:Фејсбук/Министерство за здравство

Припремата и целокупната координација беа извршени од координаторите од Клиниката за гастроентерохепатологија доц.д-р Бети Тодоровска и науч.сор. Елена Цуракова Ристевска и националниот координатор за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова. Во процесот беа вклучени и колеги од клиниките за Неврохирургија, Нефрологија, Кардиологија, Кардиохирургија, Трансфузиологија, Анестезија и интензивно лекување“, стои во објавата од Лекарска комора.

 

Фото:Фејсбук/Министерство за здравство

Фото:Фејсбук/Министерство за здравство

Фото:Фејсбук/Министерство за здравство

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close