Кафе муабет
Не е можно да изгледа вака: Софија Милошевиќ ја покажа витката линија само еден месец по породувањето!
Како да не родила...
Софија Милошевиќ, една од најуспешните српски манекенки, неодамна по втор пат се оствари во улогата на мајка.
Со својот избраник Лука Јовиќ, фудбалерот на Реал Мадрид, доби син на кого му го дадоа името Теодор. Ова е нивно второ дете, бидејќи парот веќе го има синот Алексеј, кој го добија во 2020 година.
Софија за време на бременоста често објавуваше фотографии и истакнуваше дека ужива во трудничките денови. Еден месец по породувањето таа сподели фотографија од теретана и многумина беа воодушевени од нејзиниот изглед.
Имено, манекенката позирала во син топ и хеланки а се фотографирала во теретана, а во таа прилика до израз дојде нејзината витка линија. Се чини дека таа за брзо време се врати во форма, а останува да видиме дали има во план некои нови проекти.
-Се уште доаѓаме на себе, но најважно е дека јас и бебето сме добро и се помина во најдобар ред. Јас и Лука сме пресреќни што родив уште едно прекрасно и здраво момче и што по втор пат се реализирав во улогата на мајка. Не успевам да одговорам на сите пораки и честитки, се трудам да уживам во моментот, но благодарна сум за сета поддршка што ја добивме – истакна манекенката по породувањето.
Софија се породи во Мадрид, а како што објавија медиумите бебето се вика Теодор.
Таа и Лука веќе го имаат синот Алексеј, а манекенката истакнува дека би сакала да има девојче.
Како што еднаш изјави Лука, тој и Софија планираат свадба во Белград и сакаат големо семејство.
За потсетување, Софија ја поврзуваа со сопругот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ.
Имено во медиумите на големо се пишуваше дека тој и го простил неверството на Карлеуша со Огњен Вранеш токму поради неговата афера со Софија Милошевиќ која воедно е и многу добра пријателка на Карлеуша.
Ваквите вести за наводната врска со Душко, Софија ги демантираше…