Новости

НЕ ГИ ЖАЛАМ ОНИЕ КОИ ВЕЛАТ ДЕКА НЕМААТ ПАРИ ПОРАДИ СИТУАЦИЈАТА СО ПАНДЕМИЈАТА: Отворено писмо на доктор Зорица револтирана од непочитување на мерките!

Зорица Мишиќ јавно се обрати до народот за почитување на мерките...

Епидемијата на коронавирус повторно е во полн ек во Србија. И покрај тоа, сè уште сме сведоци на бројни јавни собири и забави.

foto jutarnji.hr/ ILUSTRACIJA

Зорица Мишиќ, револтирана докторка од ваквото непочитување на мерките, се обрати до јавноста преку јавно писмо, со цел да ја подигне свеста за сериозноста на ситуацијата во која моментално се наоѓа Србија и целиот регион.

Писмото е објавено на страницата на „Институтот за јавно здравје Шабац“.

„Децата се плашат да не гушкаат!

Зорица Мишиќ се обрати со порака до целата нација. Прочитајте го внимателно нејзиното писмо.

– Размислуваме за мерки, имам и јас еден предлог! Јас би го нарекла „Ден на скафандери“, може да биде и фестивал! Ништо не треба да се затвора, секој треба да работи нормално, но за време на своето работно време треба да носи скафандер, најмалку две маски, визир…

– Всушност, сè што носиме! Без телефон, тоалет, храна и вода! Без шминка, се разбира! Носењето на скафандер ќе трае четири часа, без пауза, или осум, со пауза од еден час! Опремата би се носела врз работната униформа, без разлика дали станува збор за домаќинка во куќата, работник во канцеларија, на градилиште… Секој што сака да се забавува, да пие кафе на терасата со поглед на убава градина, да биде келнер, да копа компири или пченка, да скија…

Апсолутно не е важно! И ако сакате објаснување, јас ќе ви го дадам! Сите велат дека сме образовани и за тоа земаме плата. Бевме обучени да работиме во прекрасни бели, зелени или сини униформи во одделенијата за хирургија, интерна медицина, гинекологија. И сите други гранки на медицината!

Не бевме образовани да работиме во Институтот за вируси, заразни болести или нуклеарна физика. Каде што е потребна заштитна опрема!

На крајот на краиштата, нашите деца, нашите семејства, не беа образовани! Замислете, имаме и деца! Веројатно сите мислат дека нашите деца се растенија, ние ги полеваме и тоа е тоа! Па, не е така! Нашите деца не знаат кога ќе одиме на одмор, кога сме слободни.

Нашите деца се плашат да не прегрнат, дали можете да замислите како е?! Да не спомнувам дека другите деца ги избегнуваат, затоа што секој знае каде работат нивните родители! Дали сме само ние, и НАШИТЕ ДЕЦА, осудени на тоа?! Немојте да мислите на нас, помислете на нашите деца! Тие велат дека сме платени за тоа, ние сме, но јас ќе ја дадам мојата месечна плата на некого, само за да поминува време во болницата, под истите услови, онолку време колку и јас, и не мора да работи ништо! Само да седи!

Постои решение за луѓе кои не можат да преживеат поради затворање. Ако државата треба да им плати, тогаш има работа и за нив, да носат огромни боци со кислород, да им даваат вода и да ги хранат пациентите, да ги пресоблекуваат или да ги носат на скенер.

За тоа не е потребно ниту едно училиште, само добра волја! Дали ја имате, или само лелекате? И најмногу жалам за оние за кои се вели дека живееле од изнајмување на локал.

фото илустрација

Жал ми е што досега не работеле ништо! Ако не сакаат да волонтираат во болница, секогаш постои решение: нека ја пошумуваат нашата земја, сега е време да садат грашок, компир и други култури. Никој од државата не смее да добива пари додека седи дома! Не жалам никого, бидејќи никој не мисли на нас! И ние сме луѓе, а не роботи, кои се програмирани да работат во ковид центрите! Зошто се однесувате како да сте пораснале на плажите под Олимп или на периферијата на Златибор и Копаоник? Дали ќе у*рете ако не одите на море или на скијање една година? Српски народе, да се обединиме, да одиме заедно, нели е старо српско: САМО ЕДИНСТВО ГИ СПАСУВА СРБИТЕ?! Ова нема никаква врска со претседателот, кризниот штаб или некој што е поврзан со политика! Ова има врска со нас, бидејќи нема повеќе простор за инает! Време е да си помагаме едни на други! Верувајте ми, крајот е близу, единственото прашање е, дали е короната или ние? На вас е да одлучите кој ќе излезе како победник! “ Можеме ли да донесеме одлука?

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close