Кафе муабет
Неџла и Бали Бег имаат посебна причина за славење: Најубавиот турски пар чека принова!
Ќе имаат уште едно бебе...
Актерскиот пар Бурак Озчивит и Фахрије Евџен важат за еден од најхармоничните турски парови.
Освен што се исклучително успешни на деловен план, може да се каже дека им цветаат рози и на приватно поле.
Имено, Фахрије повторно е бремена а како што јавуваат турските медиуми се уште не го знаат полот.
Ова беше и причината поради која актерката се откажа од снимањето на серијата „Алпарслан“.
Не криеја дека со нетрпение очекуваат уште едно дете, и дека едвај чекаат да го дознаат полот.
Парот сака да дознае дали Каран ќе добие братче или сестричка.
Инаку Фахрие Евџен и Бурак Озчивит важат за едни од најубавите актерски парови во Турција, а додека тамошните медиуми ги разведуваа со месеци, се чини дека тие никогаш не биле посреќни.
Не само што семејството Озчивит никогаш не било среќно, туку сега има посебна причина за тоа.
Шармантниот актер и убавата Фахрие ја прославија четвртата годишнина од бракот. Иако досега не ги коментираше наводите, особено оние за развод, овојпат реши да докаже дека тие не се точни. А дека нема причина за грижа потврдуваат и идиличните фотографии и веста за приновата.
Каран е роден на 14 април 2019 година, а секоја негова фотографија ги воодушевува обожавателите на познатите родители.
Фахрие во една прилика зборуваше и за промените што и се случиле во животот откако во 2019 го роди Каран.
„Отсекогаш мислев дека добро управувам со моето време и бев горда на самата себеси, бидејќи тука беше универзитетот, мојот деловен живот, успеав успешно да го менаџирам сето тоа, но откако бебето влезе во мојот живот, видов дека не е баш така лесно, тоа потполно го преврте мојот ритам“.
„Тоа е така затоа што бебето има свој ритам и мајката мора да одви време за него“, зборуваше актерката на состанокот.
„Долго време немав поддршка од никого, освен од Бурак. Од тие причини дојде и до сериозни промени во мојот живот“ изјави Фахрие.
„Станав многу поемоционална откако станав мајка. Но два главни проблеми почнаа да ме болат многу.
Дали секое бебе расте под еднакви услови? И дали секое семејство може да се грижи за своето бебе под еднакви услови? По некое време почнав многу длабоко да ја чувствувам оваа тема“, изјави Евџен.