Новости

Нејзините зборови ќе ви го скршат срцето: Тања Савиќ конечно разговараше со синовите- ова е пекол за една мајка!

Никој не знае точно во какви односи се Душан и Тања

Сагата на Душан и Тања Савиќ никако да заврши, а само тие знаат на што се во моментот. Имено додека нејзиниот сопруг Душан тврди дека тие ставиле крај на сите расправии, и сега се смириле, Тања го тврди спротивното.

 

– Душан успеа да манипулира со сè во врска со нашиот однос и да даде детали за преписките кои беа или не беа,  и со тоа да ми го наруши угледот, кој го создавав со години. Јас сум жив пример за таа манипулација. Се откажав од моите родители и сестрата поради него. Глупаво е што зборувам за тоа, свесна сум се разбира дека тука и јас погрешив- започна пејачката во шоуто „Гранд магазин“.

Тања откри дека конечно по осум месеци, сега успева и да се слушне со своите деца, но посочи и која ситуација најмногу ја погодила.

 

 

– Синоќа разговарав со децата, се случува понекогаш да разговарам малку подолго со Џоле, а понекогаш и со Максим. Имаше една ситуација последен пат кога се слушнав со Максим. Тој го нацрта татко му и јас, секако, прашав кога ќе ме нацрташ и мене, и тој ми рече: „Мамо, не можам да те нацртам“, ги познавам моите деца и кога молчат за нешто, знам што мислат – посочи Тања.

 

Тања осум месеци јавно тврдеше дека нејзиниот сопруг е насилник и дека ги кидн0пирал нејзините деца и ги однел во Австралија, а се шпекулираше дека пејачката наводно и му простила за целата драма низ која поминала.

 

Фото: RAS SRBIJA

 

Нејзиниот сопруг Јованчевиќ пред извесно време истакна дека тој всушност никогаш не се скарал со Савиќ и дека нивната медиумска војна е само маркетиншки трик.

 

Тања Савиќ тврди дека не се смирила со Душан

 

Откако во медиумите се појави веста за нивното помирување, Тања Савиќ се огласи на Инстаграм и ја негираше веста дека му простила се на Душан Јованчевиќ.

Таа ги негираше овие написи, додавајќи дека судот ќе донесе одлука за целата ситуација.

„Не сум се смирила со сопругот, аман, луѓе! Како можам да се смирам со него?! Тој еден ден кажува едно, другиот ден друго. Тој има нарушување на личноста,  “, рече Тања во своето обраќање до фановите на Инстаграм.

Савиќ додаде дека судот ќе донесе одлука за сè.

 

 

„Судот ќе донесе одлука за сè, кога веќе не можеме да се согласуваме убаво, разумно, цивилно. Па, да видиме “, рече Тања.

Пејачката пред неколку дена преку Инстаграм се огласи во живо и на своите фанови им ја раскажа целата ситуација. Имено таа посочи и дека е разочарана од сите коментари кои ги видела на социјалните мрежи, но и од сите написи кои излегоа во медиумите и апелираше до нејзините фанови да не веруваат во сето тоа што е напишано.

 

 

-Јас самата ќе одлучам дали сакам да живеам со Душан или не, и дали сакам да го трпам тоа или не. Јас реков дека повеќе нема да трпам, но тоа е моја приватна работа. Луѓето се мешаат во се. Сепак јас имам две деца со тој човек и морам да го почитувам, поради нив. Гледам дека многу луѓе почнаа да коментираат лошо за мене, но јас сум разумна жена и знам дека не би требало да направам таков потег, да се смирам со Душан, со кој 8 месеци се борам за своите деца.

 

 

Во медиумите исплива и нов разговор меѓу Тања и Душан, каде пејачката наводно му вели дека го сака и дека и недостасува.

„Знај дека многу те сакам и дека ми недостигаш“, напиша Тања.

 

 

– Добра ноќ. Ок. Чао – одговори Душан.

– Повторно си активен на социјалните мрежи. Постојано. Сега најмногу од се би сакала да сум таму и кога ќе се разбудам еден ден да бидам со вас. Сонувам за тој ден – гласи една од пораките.

 

 

Само да можев да го вратам времето и сето ова да не се случеше – напиша Тања.

– Што би сменила? Те молам кажи ми … – напиша Јованчевиќ.

– Тешко ми е поради сè и жал ми е – напиша Тања со емотикони кои плачат.

 

Душан ги однесе децата во Австралија поради коронавирусот?

 

 

-Гледам дека во српските медиуми кружат секакви приказни, но не само тоа. Се уште нема потреба да давам изјави и јавно да се огласувам. Зарем треба да објаснувам дека децата ги однесов во Австралија за да ги спасам од корона? И тоа што мојата сопруга не сакаше да дојде со мене, а можеше?, рече во една прилика Душан.

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close