Кафе муабет
Нема да ја познаете: Погледнете во каква убавица порасна малото девојче од омилената серија „Елиф”!
Девојчето е родено во 2009 година во Њујорк. Нејзиниот татко е Американец, политичар и бизнисмен од Америка а нејзината мајка е од Турција.
Турската серија „Елиф“ беше една од најпопуларните кај нас во регионот особено поради симпатичното мало девојче кое го игра Изабела Дамла.
Девојчето е родено во 2009 година во Њујорк. Нејзиниот татко е Американец, политичар и бизнисмен од Америка а нејзината мајка е од Турција.
На големата аудиција, таа ја доби улогата на Елиф. Имено, кога продуцентската куќа Грин Јапим ги започна подготовките за снимање на серијата „Елиф“, беше организиран кастинг за главниот лик. Беше неопходно да се најде девојка од седум до 10 години, која може да го извади тој лик. Откако повеќе од 100 девојки ги одиграа тест сцените, Изабела Дамла Гевенилир (Елиф) и Зејнеп (Тугче) останаа во потесниот избор.
Најмладата ѕвезда од една од најгледаните серии во регионот, Елиф, Изабела Дамла Ѓувенилир редовно на Инстаграм споделува моменти од снимањето, но и кога е заедно со своите пријатели и семејството.
Од нејзините фотографии можеме да видиме дека пораснала во вистинска убавица и дека ја чека сјајна кариера како актерка.
-Многу сум среќна заради серијата, уживам кога одам на снимање. Секако, тука речиси го поминав моето детство. Сите мои млечни заби ми испаднаа, во една епизода имам еден заб, а во другата го немам. Но успевам да ги завршам и сите мои колски обврски на време. Одам на училиште, а по школото одам во студиото на снимање, домашното го пишувам кога ја чекам својата сцена. Имам многу слободно време додека чекам, па можам да ја завршам домашната задача, изјави неодамна Изабела во интервју за босанскиот магазин „Азра“.
Таа оваа улога ја доби во голема конкуренција.