Кафе муабет
НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА ШТО ГЛЕДАТЕ: На три години Хана се појави во видео на Данијела а 27 години подоцна и го зема Грашо!
Хана и Петар чекаат дете...
Љубовниот триаголник Данијела Мартиновиќ-Петар Грашо-Хана Хуљиќ не престанува да ја интригира јавноста.
Она што е интересно е што сега се појави и едно видео кое датира од 1993 година и фрли ново светло на нивната љубовна приказна.
Веста за врската на Петар Грашо (45) и 14-години помладата Хана Хуљиќ по раскинувањето со Данијела Мартиновиќ (50) ја изненади јавноста, а многумина се заинтересирани за поврзаноста на сите тројца од најраните денови со ќерката на композиторот Тончи Хуљиќ.
Имено, и Петар и Данијела ја познаваат Хана уште од мало девојче. Данијела во 1993 година беше пејачка на групата Магазин која го издаде албумот „Дошло време“, а во спотот за истоимената песна се појави и тригодишната ќерка на Тончи. На видеото Хана го гледа настапот на Даниела на телевизија, а таа подоцна доаѓа кај неа и ја фака за рака изнесувајќи ја од собата.
„И потоа по цели 27 години и го зема Грашо.
„Тригодишната Хана на видеото слатко ја гледа Данијела и и се восхитува а денес таа е причината за раскинувањето на врската која траеше повеќе од две децении.
“ Само смеј се Даниела. Кога ќе пораснам, Грашо е само мој “,
Текстот за популарната песна „Дошло време“ го напиша Вјекослава Хуљиќ, а ја компонираше нејзиниот сопруг Тончи.
Да потсетиме, пред неколку месеци во јавноста исплива информацијата дека Грашо е во врска со Хана откако во мај ја раскина 24-годишната врска со Даниела. Веднаш потоа на јавноста и соопштија дека чекаат бебе.
„Јавноста никогаш не сум ја користел како платформа за претставување на мојот приватен живот, и во тешки и во убави моменти. И на тоа ќе останам верен“, изјави по тој повод Грашо за Јутарњи лист.
Грашо е возбуден што ќе стане татко!
Свадбата на годината, онаа на Хана Хуљиќ (31) и Петар Грашо (45) ќе се одржи на 19 февруари во црквата Свети Франциско во Сплит. Иако долго време во јавноста се зборува за нивната врска, Грашо речиси никогаш не зборува отворено за својот приватен живот.
Сепак, тој зборуваше за врската со Хана додека гостуваше во емисијата „Премиера – викенд специјал“ по повод неговиот концерт во Белград за Денот на вљубените. Тој рече дека повеќе сака да ужива во љубовта отколку да зборува јавно.
– Љубовта се случи. Љубовта треба да се случи, не треба да се планира, за љубовта не треба премногу да се зборува. Ова се некои работи кои човек треба да ги негува во себе, не треба да се фали со тоа. Да, има љубов. Да, тоа е прекрасен период од животот со личноста која ви значи најмногу во тој момент и со која планирате да се препуштите и да запловите во љубовта– рече внимателно.
Зборуваше и за венчавката, па рече дека им било тешко да изберат датум за венчавка.
– Ниту тоа не е тајна, гледавме 40 различни датуми и цркви – додаде на шега.
Покрај тоа што ќе го кажат судбоносното „да“ оваа недела, за неколку месеци тие ќе станат родители на мало девојче или момче. Претходно изјави дека е подготвен да стане татко, а овој пат ја коментираше добрата вест.
– Ќе бидам татко. Благодарни сме за се. Малку е смешно што луѓето насекаде нè сликаат со телефон, имам 26 години кариера, но очигледно на луѓето им недостасуваат неколку од овие убави приказни. Ќе се трудам да си ја задржам приватноста, бидејќи сакам луѓето да се грижат за песните, а не за мојата спална соба – искрено изјави пејачот.
Свадбата на годината ќе се одржи на 19 февруари во црквата Свети Францис во Сплит. Таа ќе биде во кругот на најтесното семејство, односно родителите на Хана, Тончи и Вјекослава Хуљиќ, Зоран и Сњежана Грашо, братот на Хана, Иван, сестрата на Петар, Буга и мајката на Вјекослава и нејзините две сестри со нивните семејства и кумовите на младенците.