Новости
Нема да ви се верува чија ќерка е малата Зоне од филмот „Зона Замфирова“ – таа денес е мажена за 23 години постар човек
Малкумина знаат дека оваа преубава девојка е ќерка на култниот пејач Ненад Милосављевиќ, попознат како Неша Галија.
Шармантната Јана Милосављевиќ ја воодушеви публиката уште кога имаше само 12 години, колку што имаше кога го глумеше ликот на малата Зона Замфирова во истоименото филмско остварување.
Како поминуваа годините таа се повеќе се истакнуваше како талентирана актерка, но и девојка со харизма на која никој не може да и одолее. Таа по Зона Замфирова се појави во бројни филмови и серии како „Ранетиот орел“, „Државен службеник“ и „Афтерпарти“ во кој глумеше менаџерка на популарниот сплав, очајно заљубена во својот пријател заради кој се согласува и на „тројка“.
Во моментов важи за една од најпознатите и најдобрите млади актерки на целиот Балкан, а како изгледа погледнете во продолжение:
Покрај тоа што важи за извонредна актерка, и нејзиниот приватен живот го привлекува вниманието на јавноста.
Имено, таа за својот животен сопатник го избра режисерот Филип Гајиќ кој од неа е постар 23 години.
Тие имаат син Јоаким, а се запознаа пред 6 и пол години, наводно на иницијатива на Рамбо Амадеус.
Јоаким на Јана и е прво дете, а на Филип четврто.
Тој од првиот брак има ќерка Наталија, а од вториот, со актерката Луција Шербеџија, ќерката на Раде Шербеџија, Сергеј и Анастасија.
„Имавме маки, никако не можевме да се договориме. И месец дена по раѓањето детето немаше има, секој го викаше како што сакаше, немаше ни кога требаше да го пријавиме. Па така пред вратата на општина Ѕвездара одлучивме за она што го избраа децата на Филип. Иако и сега секој го вика како што сака“, изјави убавата актерка во една пригода за магазинот Глорија.
Таа е родена во Ниш, во 1990 година, а порасна во Белград.
Јана има завршено на Академијата за уметности во Нови Сад, а во соработка со својот сегашен сопруг, режисерот Филип Гајиќ, го отвори алтернативниот театар „Космодром“.
Нејзиниот татко, фронтменот на групата Галија, Ненад Милосављевиќ, во една пригода за неговата ќерка ќе изјави:
„Јана се роди во 1990 година со оглед на тоа дека мојот брак со нејзината мајка брзо после тоа се распадна, слабо бевме во контакт се до 2000 година. Јана студира глума на академијата во Нови Сад. Сите мои деца ги учам на важна животна лекција, а тоа дека секој човек мора да поседува одредена одговорност кон слободата“, изјави Ненад пред неколку години во едно интервју.
Филип, сопругот на Јана, откако се раздели од ќерката на Раде Шербеџија остана во добри пријателски односи со неа.
„Тајно се свршивме, во една градина со маслинки, па на крај така излезе и да се разделиме, покрај таа иста градина. И почетокот и крајот го навадивме со ширина“, напиша Гајиќ на својот блог во 2014 година.
Интересно е и тоа што во серијата „Жигосани во рекет“, Јана глуми со поранешната сопруга на Гајиќ, Луција.
Погледнете уште неколку фотографии од убавата актерка…