Новости
Нема да ви се верува – ликот на познатата фолкерка заврши на свадбена торта!
Пред три години се заколнаа на вечна љубов, денес имаат две деца
Пред речиси три години, пејачот Марко Гачиќ и неговата сопруга Гога Гачиќ се заколнаа на вечна љубов и ја крунисаа својата претходна хармонична врска со брак.
Брачниот пар организираше гламурозна свадбена церемонија, на која присуствуваат многу српски ѕвезди, а меѓу нив беше и Лепа Брена.
Она што ги изненади присутните, и за кое се пишуваше на големо беше тортата.
Верувале или не парот на својата свадба имаше торта со фотографија од Лепа Брена, која воедно пееше на свадбата.
Кога ја видела тортата Брена била вистински изненадена и пресреќна, бидејќи всушност поводот за тортата со нејзина фотографија бил нејзиниот роденден.
Парот Гачиќ имал свадбена торта, но сепак решиле да ја изненадат и пејачката бидејќи нивната свадба беше организирана на 19 октомври, ден пред роденденот на Брена.
Марко и Гога одлучија да ја изненадат пејачката со торта посветена на неа и да ја извадат по полноќ, на 20 октомври, на нејзиниот 57 роденден.
Пејачката беше воодушевена од овој гест и ќе се согласите дека малкумина би се откажале од вниманието за нивниот најубав ден во животот.
Интересно е да се напомене и дека Гога и Марко откако се заколнаа на вечна љубов, направија и крштевка на својата ќерќичка Николина која денес има 4 години.
Марко и Гога минатата година го добија и синчето Тадеј кој во јуни наполни една година, а неодамна вниманието на јавноста го привлече фотографија и коментарот на пејачката под неа.
За време на една семејна прошетка во Авала парот искористи да направи низа фотографии но коментарот на Гога изненади многумина.
” Татко во акција на дело! Туку, размислувам нешто, твоите раменици се празни. Мислам дека има место за уште едно бебе на мојата глава. Те сакам “, му напиша Гога на Марко и веднаш предизвика лавина коментари, дали можеби пејачката сака уште едно дете.
Семејството Гачиќ пред извесно време доби нов член
Никола Гачиќ, брат на Марко Гачиќ, во октомври го кажа судбоносно „да“ на неговата избраничка Александра, а свадбата, поради вирусот корона, беше договорена за малку помал број на луѓе отколку што обично се случува во поп-семејствата.
Брачната двојка Марко и Гога беа најсреќни на венчавката, а Гога ја и посака добредојде на својата јатрва и преку социјалните мрежи, па со тоа само се докажува дека целото семејство убаво ја прифати Александра.