Кафе муабет
Нема да верувате што им подарија Сузана и Сале Поповиќ на младениците- луксузно и богато како што доликува!
Добија нов луксузен стан...
Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ се уште ги собираат впечатоците од свадбената церемонија која ја направија минатата недела за нивниот син Даниел, кој го кажа судбоносното „да“ на својата девојка Тијана.
Поповиќ, наследникот на Сузана од првиот брак го гледа како свое дете, и парот покрај свадбената гала прослава на младенците им подари и луксузен стан во зградата што поранешниот директор на „Гранд“ ја гради на Бежанијска коса.
Даниел и Тијана веќе имаат покрив над глава, станот каде што моментално живеат, а новиот имот секако е добредојден.
Тијана и Даниел планираат многудетно семејство, а сигурно ќе им одговара и поголем стан.
За Сузана и Саша децата се на прво место, како и нивната среќа, па се трудат максимално да им помогнат во животот и кариерата.
Инаку, Поповиќ за изградба на комплексот вложил 7.350.000 евра, а побарувачката на станови е во тек.
Како што претходно објавија медиумите, цената на метар квадратен е од 2.200 до 2.600 евра без ДДВ. Најбарани се најмалите станови од 47 квадрати. Многу пејачи и спортисти веќе дале капар за становите, па Даниел и Тијана дефинитивно ќе имаат познати соседи.
Фирмата на Вики Миљковиќ ги уредува домовите на богатите, и е ангажирана за опремување на луксузните станови.
Засега не се знае дали Даниел и неговата сопруга ќе живеат во овој комплекс или ќе го изнајмуваат имотот.
Цела естрада беше на свадбата…
Даниел и Тијана пред неколку дена се заколнаа на вечна љубов. Невестата блескаше во луксузна венчаница со кристали, а Даниел не ја симна насмевката од неговото лице.
Свечената сала беше полна со светилки и украси во сребрена боја, а за време на првиот танц на младенците беше пуштена вештачка магла.
Парот за својот прв танц ја одбра песната од Мишо Ковач „Ostala si uvjek ista“.
Тие двајца направија гламурозна венчавка во престижен белградски ресторан, а меѓу најсреќните беа родителите на младенците.
Гостите ги пречекуваше Сузана, но и Саша Поповиќ, кој го прифати Даниел за свој син.
Даниел ја запознал сегашната сопруга на работа, а љубовта веднаш се родила.
Шармантната девојка по професија е шминкер и разубавува многу телевизиски личности, но и актери.
Од друга страна, Даниел работи во „Гранд“, продукција како тонец.
Пејачката еднаш изјави дека е многу задоволна од изборот на својот син.
Да потсетиме, поранешниот сопственик на „Гранд“ и пејачката претходно истакнаа дека ќе соберат половина од естрадата на свадбата на Даниел, па така на гала прославата имаше повеќе од 300 гости, меѓу кои беа и најпопуларните пејачи.
Поради тоа што речиси сите пејачи биле зафатени за време на викендот семејствата решиле да направат забава во четврток.
Семејството Поповиќ го избрало најскапото мени, од 85 евра по човек, каде ќе има богата услуга. На гостите ќе им бидат послужени повеќе од 20 видови сирење, пршута, домашни производи, неколку видови месо, печени производи, морски плодови, прилагодена исхрана (веганска и вегетаријанска), како и најскапите вина и жестоки пијалоци.
Сузана неодамна во разговор со новинарите откри каков однос има со снаата Тијана и каков совет и дала:
-Таа е толку едноставна девојка што со неа никогаш немаше никаков проблем. Кога некој е скромен, едноставен и нормален, тогаш ништо не е тешко. Таа е многу вредна и внимателна, на почетокот и давав само совети во врска со Даниел, како да го направи тоа или не, но сето тоа се мали нешта. Како и секоја мајка, за доброто на децата и нивната среќа, затоа што ние сме најсреќни кога децата се среќни и кога добро се сложуваат.
– Им реков да поработат на тоа прашање (за дете), но тие млади имаат само некои обврски и чекаат да ги завршат. Им кажав дека додека кројат планови, тој горе им се смее. Им реков правете дете додека јас и Сале сме помлади да ви помогнеме а потоа што сака нека биде- заклучила пејачката.