Кафе муабет

Нема да верувате колку заработува Карлеуша за рекламирање на едно парче облека: Добива илјадници евра за неколку минути

Таа рекламира светски познат бренд...

Јелена Карлеуша важи за една од најдобро стилизираните пејачки која секогаш со својот стајлинк предизвикува бура од реакции.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

На почетокот на годината повторно стана заштитно лице на еден од најпознатите светски брендови за онлајн продажба на облека по пристапни цени.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Од рекламирање на овој бренд Карлеуша може да се пофали со добра заработка.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Наводно Јелена Карлеуша наводно добива дури 15.000 евра за една објава на Инстаграм!

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

„Јелена со овој бренд соработуваше пред неколку години. За разлика од другите пејачки кои претежно рекламираат само домашни брендови, таа како и секогаш е чекор понапред од сите, па повторно стана заштитно лице на еден од најпознатите светски брендови за гардероба и модни додатоци за онлајн продажба. Луѓето кои стојат зад оваа најуспешна продавница за облека на Инстаграм сакале Јелена да ги рекламира, па брзо постигнале договор за сите детали“, изјавил за Курир неименуван извор близок на пејачката.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

„Се беше договорено на почетокот на годината. Од средината на јануари на својот профил пет пати се сликаше во нивната гардероба. Бидејќи за една објава и платија 15.000 евра, лесно е да се дојде до пресметката од вртоглавите 75.000 евра што ги заработила за помалку од еден месец. Инаку, пред неколку години ѝ биле исплатени и до 10.000 евра по објава“.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Истиот извор посочува дека тоа не треба никого да изненади со оглед на тоа што Јелена е најследената јавна личност од естрадата на овие простори.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

“ЈК само на Инстаграм ја следат речиси два и пол милиони луѓе, така што овој приход од спонзорскиот договор не треба никого да изненади. Таа е некој чиј моден стил е познат во целиот свет, па има големо влијание врз многу девојки. Тие се свесни за тоа бидејќи целата облека што таа ја носеше на фотографиите е распродадена на нивната веб-страница по неколку дена и поради оваа причина постојано се додаваат нови количини. Овој онлајн бренд соработува и со некои од најпознатите имиња на денешницата: Кајли Џенер, Клои и Кортни Кардашијан, Карди Би и многу други. Јелена е единствената од овие простори која ги рекламира, па навистина има со што да се пофали“.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close