Дом и семејство
Нема да верувате како изгледала убавата Неџла на почетокот на кариерата: Сопругата на Бали Бег непрепознатлива (ФОТО)
Целосно го промени изгледот...
Фахрије Евџан Озџевит важи за една од најубавите Турчинки и најпопуларни актерки, која јавноста ја памети по улогата на младата Неџла од серијата „Кога лисјата паѓаат“.
Нејзините слики на Инстаграм го потврдуваат епитетот на една од најубавите актерки но некои турски медиуми успејаа да дојдат до фотографии од минатото кои го уриваат митот за убавината на познатата актерка.
Судејќи по старите фотографии на Фахрије актерката променила многу работи на лицето, носот, очите, усните. Со додавање на сјај за усни таа денес е непрепознатлива.
Инаку Фахрије е мажена за еден од најубавите турски актери Бурак Озџевит, попознат како Бали-бег од серијата „Сулејман Величествениот“, со кој има два сина.
Тие пред извесно време по втор пат се остварија во улога на родители а парот во меѓувреме откри и неколку детали кои јавноста не ги знаеше.
Двојката често е мета на озборувања, а често се пишуваше дека Бурак и е неверен на сопругата, што секогаш го игнорирале или со насмевка го демантирале. Минатата година, откако беше откриено дека Фахрје повторно е бремена, повторно се пишуваше дека парот се разделува и дека актерката го напуштила заедничкиот дом.
Според турските медиуми, тие минувале низ многу тежок период бидејќи Фахрије и Каран биле болни од корона вирусот и цело време биле дома, а за тоа време актерката наводно постојано се расправала со сопругот наводно поради неговата мајка.
Во еден момент, се шпекулираше, расправијата толку ескалирала што Фахрије Евјен го кренала гласот на свекрвата Чејхан, па Бурак скокнал во одбрана на мајка си, по што актерката ја напуштила нивната луксузна вила.
Сепак, двојката набрзо се огласи на Инстаграм демантирајќи ги овие гласини со заедничко селфи на кое се гушкаат и насмеани, испратија порака:
– Не бидете глупави! Оставете не на мира!